- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски ја посети винарницата ,,Визба,,од ВаландовоДата на објава: 7 Октомври 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ја посети винарската визба ,,Визба,, од Валандово. Целта на посетата беше согледување на состојбата на терен во делот на функционирањето на кооперантските односи, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
Вита Хузјан, менаџер на ,,Визба,, Валандово информира дека оваа винарија во најголемиот дел завршила со откуп на грозјето од годинашната реколта. За седум години според нејзината оценка направиле солидна база на кооперанти со кои работат.
Министерот Димовски заклучи дека според податоците со кои расплага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, досега се откупени околу 95 милиони килограми грозје.
На средбата со менаџерскиот тим на оваа винарска визба и нивните кооперанти министерот Димовски разговараше и за реализацијата на Националната стратегија за земјоделство и рурален развој во делот на лозарството и винарството. |