- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Водич за достигнување на принципите за добра земјоделска и хигиенска пракса на земјоделските стопанстваDate of publication: 6 October 2010Водичот за достигнување на принципите за добра земјоделска и хигиенска пракса на земјоделските стопанства е изготвен врз основа на член 78 став 3 од Законот за земјоделството и руралниот развој (,,Службен весник на Република Македонија” бр 49/10). Целта на овој документ е подобрување на примената на Кодексот на добра земјоделска и хигиенска пракса (,,Службен весник на Република Македонија” бр 112/10) на земјоделските стопанства од страна на земјоделските производители.
Документот ќе придонесе имплементација на Кодексот на добра земјоделска и хигиенска пракса односно изготвување и реализирање на мерките утврдени со оските на заедничките политики на земјоделство и рурален развој и поддршка на семејните земјоделски стопанства кои истата ќе ја применуваат, во однос на оние кои ќе работат поинаку од препораките наведени во кодекс за добра земјоделска и хигиенска пракса.
Водичот се состои од шест главни поглавја на добри земјоделски практики во Република Македониај поврзани со: заштита на почвите и исхрана на растенијата, заштита на водите, заштита на биолошката разновидност, сточарство и благосостојба на животните и управување со земјоделски отпад. Добрата земјоделска и хигиенска пракса на земјоделските стопанства е дел од политиките за рурален развој како дел од мерките од унапредување на животната средина и руралните предели, како помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина. Принципите на добра земјоделска и хигиенска пракса особено се однесуваат на земјоделски производни практики за заштита и унапредување на животната средина.
Имено, водичот дава насоки што е добро земјоделска(фармска) пракса во Република Македонија согласно сите релевантни задолжителни стандарди на примарното и секундарното национално законодавство и дефинира не задолжителни стандарди на ниво на препораки за добри практики во земјоделството по претстојните стандарди на ЕУ кои се уште не се транспонирани во македонското законодавство. Структурата на водичот ги зема во предвид ЕУ Регулативите на вкрстена усогласеност и добри земјоделски и еколошки услови, како и националните законски прописи.
Принципите на кодексот на добра земјоделска и хигиенска пракса се примената на најдобрите земјоделски практики при производство на храна за луѓето и животните, засновано на барањата за одржливо земјоделство, земјоделското производство да се остварува со комбинирање на најдобри земјоделски практики, заштита на животната средина и оптимално користење на природните ресурси и примена на земјоделски технологии кои вообичаено се применуваат во Република Македонија и кои водат сметка за заштита на земјиштето, благосостојбата и здравјето на животните, хигиената, здравјето на растенијата, безбедноста на храната и грижата за општото здравје. Додаток за превземање: Додаток за превземање: |