- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
РеакцијаDate of publication: 24 September 2010Од страна на А1 телевизија повторно се отвора таканаречениот случај „Злетовица“.
Симптоматично е што повторно се изнесуваат груби невистини и погрешни податоци за овој капитален објект од особено значење за регионот од источниот дел на Македонија каде што се опфатени повеќе општини.
Во досегашните соопштенија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на јавноста и беа изнесени факти околу изградбата на Хидросистемот „Злетовица“.
Уште еднаш ги повторуваме: Тендерот за изградба на првата Фаза на хидро системот „Злетовица“ ги вклучува Пакет 1 – Пробивање пат до браната Кнежево, Пакет 2 – Изградба на браната „Кнежево“ и Пакет 3 – Изградба на зафати до Пробиштип и Штип и цевковод до Свети николе.
Овој Тендер е објавен уште во 2003 година. Тогаш, за изведувач на работите од Пакет 1 е избрано домашно градежно претпријатие, додека за Пакет 2 заради недостаток на време не е избран турскиот понудувач со повисока понуда од над 10 милиони евра.
Тоа е сработеното до крајот на 2006 година, затекната ситуација на никакви изведбени работи.
Кон крајот на 2006 година новоизбраната Влада на Република Македонија за изведување на работите за пакет 2 го избра најповолниот понудувач Конзорциумот на домашни градежни фирми за 10 милиони евра пониска цена од претходно евалуираната, а за Пакет 3 работите ги изведува најповолниот понудувач, Конзорциум исто така составен од македонски фирми.
На јавноста и познато дека зад сето ова не постојат никакви матни зделки, партиски врски или криминал од милионски суми затоа што е работено транспарентно, чесно и со рационално трошење на средствата.
Ќе напоменеме дека всушност од крајот на 2006-та година започнува интензивната градба на капиталниот објект ХС „Злетовица“.
Она што е изградено може да го види секој добронамерен: Изградена е браната „Кнежево“ со висина од 75 метри и со должина од 300 метри нето и вкупна должина од приближно 4000 метри. Патем, за завршувањето на изградбата на браната доволно говори фактот што се поставени и расветните тела. За прв пат во македонското градежништво е применет начинот на градење со асфалтно јадро, со што домашните градежни фирми го докажаа своето умештво и висок професионализам.
Комплетно е изградена неопходната придружна инфраструкура на објектот.
Со затворањето на вентилите е започнато акумулирањето на над 23 милиони метри кубни вода колку што ќе изнесува вкупната акумулација и што веќе претставува реалност.
Покрај ова, завршена е реализацијата на Пакет 4 со изградбата на важниот Скада систем, за кој до 2006-тата година воопшто не се посветувало внимание.
Со задоволство истакнуваме дека ХС „Злетовица“ претставува единствен капитален објект кој во четири години е започнат и завршен во мандатот на една Влада.
Што се однесува до водоснабдувањето изградени 75,5 км цевковод до општините Штип, Свети Николе, Карбинци, Лозово и Пробиштип, со што е извршено поврзување кон ХС „Злетовица“.
Владата пристапувајќи сериозно кон решавање на проблемот со кој се соочуваат општините со водоснабдување со квалитетна вода, водејќи гржа за своите граѓани, изнајде решение за обезбедување финансиски средства кои локалната самоуправа ќе ги насочи кон изградба на пречистителните станици.
Иако овие активности се во надлежност на локалната самоправа и не се предвидени во изградбата на ХС „Злетовица“, Владата на Република Македонија успеа да најде начин за нивна реализација.
Напоменуваме дека градежните работи на ХС „Злетовица“ се во завршна фаза и во зададениот рок објектот ќе биде завршен за рекордно кратко време, по што следат вообичаените законски обврски за негова контрола, технички прием и добивање употребна дозвола. |