- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Посета на општина Свети Николе за спроведување на програмата за плодоуживањеDate of publication: 3 September 2010Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно работи на спроведување на мерката од последниот пакет антикризни мерки за давање на државно земјоделско земјиште на плодоуживање на невработените и социјално необезбедените лица. При вчерашната посета на општина Свети Николе и средбата со градоначалникот Роберт Ѓоргиев, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, истакна дека ова е една од мерките на Владата со која им се дава можност за самовработување на невработените и социјално необезбедените лица и тоа со доделување на државно земјоделско земјиште на 5 години, без плаќање на закупнина.
-Право за поднесување на барања за доделување на државно земјоделско земјиште на плодоуживање имаат невработените лица, евидентирани во Агенцијата за вработување како најмалку една година, невработени лица на кои работниот однос им престанал поради стечај, ликвидација или деловни причини (технолошки, економски организациони и слични промени). Право да аплицираат за оваа мерка имаат и невработените лица корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и невработените на кои им престанало правото на паричен надоместок, една година од престанувањето на правото. За оваа мерка барање може да достават и корисниците на социјална парична помош, согласно Законот за социјална заштита – истакна заменик министерот Иваноски.
Согласно оваа програма, на плодоуживање ќе се даваат 750 хектари државно земјоделско земјиште и тоа на целата територија на Република Македонија. Во Свети Николе, на плодоуживање ќе се даваат 25 хектари.
Барањето за доделување на земјоделско земјиште на плодоуживање, како што објасни заменик министерот, заинтересираните лица можат да го поднесат до 26 септември и тоа во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде се наоѓа земјоделското земјиште за кое се заинтересирани.
-За остварување на правото на плодоуживање, освен барањето, заинтересираните, потребно е да достават и потврда од Управата за јавни приходи за остварен нето приход, потврда од Агенцијата за катастар на недвижности дека немаат во сопственост земјоделско земјиште – додаде заменик министерот Иваноски.
Во подрачните единици на Министерството за земјоделство, на интернет страната на Министерството за земјоделство, шуумарство и водостопанство (www.mzsv.gov.mk), како и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, заинтересираните лица ќе можат да се информираат за деталите за оваа програма како и за тоа која дополнителна докумнетација е потребана поединечно за аплицирање за секоја категорија корисници.
-Последните договори за плодоуживање беа склучени токму во општина Свети Николе во декември 2009 година. Најголем интерес тогаш пројавија првите плодоуживатели од оваа општина на кои правото на користење на земјиштето им беше претходно завршено. Со измените на Законот за земјоделско земјиште кој во текот на месец септември треба да влезе во владина постапка се очекува да се овозможи трансформација на склучените договори за плодоуживање во договори за користење на државното земјиште под закуп, со што би се овозможил континуитет на вршење на земјоделската дејност на овие лица и во иднина, најави земеник министерот Иванвоски.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно работи на спроведување на мерката од последниот пакет антикризни мерки за давање на државно земјоделско земјиште на плодоуживање на невработените и социјално необезбедените лица. При вчерашната посета на општина Свети Николе и средбата со градоначалникот Роберт Ѓоргиев, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, истакна дека ова е една од мерките на Владата со која им се дава можност за самовработување на невработените и социјално необезбедените лица и тоа со доделување на државно земјоделско земјиште на 5 години, без плаќање на закупнина.
-Право за поднесување на барања за доделување на државно земјоделско земјиште на плодоуживање имаат невработените лица, евидентирани во Агенцијата за вработување како најмалку една година, невработени лица на кои работниот однос им престанал поради стечај, ликвидација или деловни причини (технолошки, економски организациони и слични промени). Право да аплицираат за оваа мерка имаат и невработените лица корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и невработените на кои им престанало правото на паричен надоместок, една година од престанувањето на правото. За оваа мерка барање може да достават и корисниците на социјална парична помош, согласно Законот за социјална заштита – истакна заменик министерот Иваноски.
Согласно оваа програма, на плодоуживање ќе се даваат 750 хектари државно земјоделско земјиште и тоа на целата територија на Република Македонија. Во Свети Николе, на плодоуживање ќе се даваат 25 хектари.
Барањето за доделување на земјоделско земјиште на плодоуживање, како што објасни заменик министерот, заинтересираните лица можат да го поднесат до 26 септември и тоа во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде се наоѓа земјоделското земјиште за кое се заинтересирани.
-За остварување на правото на плодоуживање, освен барањето, заинтересираните, потребно е да достават и потврда од Управата за јавни приходи за остварен нето приход, потврда од Агенцијата за катастар на недвижности дека немаат во сопственост земјоделско земјиште – додаде заменик министерот Иваноски.
Во подрачните единици на Министерството за земјоделство, на интернет страната на Министерството за земјоделство, шуумарство и водостопанство (www.mzsv.gov.mk), како и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, заинтересираните лица ќе можат да се информираат за деталите за оваа програма како и за тоа која дополнителна докумнетација е потребана поединечно за аплицирање за секоја категорија корисници.
-Последните договори за плодоуживање беа склучени токму во општина Свети Николе во декември 2009 година. Најголем интерес тогаш пројавија првите плодоуживатели од оваа општина на кои правото на користење на земјиштето им беше претходно завршено. Со измените на Законот за земјоделско земјиште кој во текот на месец септември треба да влезе во владина постапка се очекува да се овозможи трансформација на склучените договори за плодоуживање во договори за користење на државното земјиште под закуп, со што би се овозможил континуитет на вршење на земјоделската дејност на овие лица и во иднина, најави земеник министерот Иванвоски. |