- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Почнаа подготовките за новата откупна кампања за тутунотDate of publication: 28 July 2010Почитување на одредбите од Законот за тутун и тутунски производи од страна на производителите и откупувачите, навремено обезбедување пари за откуп од страна на тутунските компании за договорените количини и следење на целокупниот производствен процес на тутунот преку интензивирање на соработката на откупните компании со тутунопроизводителите, со цел новата производствена реколта да биде со повисок квалитет. Ова се дел од заклучоците од денешниот координативен состанок на министерот Љупчо Димовски со претставници на тутунските компании. Во насока на навремена подготовка за новата откупна кампања, Државниот инспекторат за земјоделство најави засилени контроли на теренот со цел почитување на законските правила во производството и откупот на оваа индустриска култура. - Поради субвенцијата од едно евро за килограм, како и високата просечна откупна цена за тутунот од минатогодишната реколта, годинава зголемен е интересот на земјоделците за производство на тутун. Оттаму, статистички, треба да очекуваме поголемо производство. Рано е да се направат точни проценки за тоа колку ќе тежи реколтата од оваа година, бидејќи производствениот процес не е завршен. Првичните проценки се дека од тутунот треба да очекуваме род од околу 33 илјади тони, согласно засеаните површини, но, мора да ги земеме во предвид и временските услови кои може да влијаат на намалување на родот – рече министерот Димовски. Македонскиот тутун се бара на странските пазари и затоа, како што истакна тој, државава прави напори и за изнаоѓање на нови пазари за извоз. -Во втората половина на август, во Република Македонија ќе пристигнат експерти од Агенцијата за карантински болести од Кина кои ќе направат контрола на теренот. Во скоро време ќе потпишеме и протокол за соработка со кинеското Министерство за земјоделство, со што и официјално ќе добиеме дозвола за извоз на македонскиот тутун на кинескиот пазар – потенцира министерот Димовски. Министерот Димовски најави дека за кусо време координативен состанок освен со откупните компании, ќе се одржи и со претставниците на тутунските здруженија. |