- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски го посети ЗК „Пелагонија“Date of publication: 23 July 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски го посети Земјоделскиот комбинат „Пелагонија,, во рамки на активностите за следење на откупот на пченицата од годинешната реколта.
-Задоволен од текот на жетвата и од досега постигнатите откупни цени. Неодамна донесената мерка на Владата за стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно преку врзување на увозот со откуп на доамшна пченица дава позитивни резултати. Зголемена е откупната цена за килограм пченица, која во одредени региони достигна и до 10 денари за килограм- изјави министерот Димовски по средбата со менаџерскиот тим на ЗК ,,Пелагонија,,.
Одлично тече жетвата и во индивидуалниот сектор. ,,За нас е важно да го следиме овој процес, но и спроведувањето на владината одлука согласно која за увоз на килограм пченица, преработувачите се обврзани да откупат три килограми домашно жито. На ваков начин го заштитуваме домашното производство и водиме сметка откупната цена да не падне под производствената,,- потенцира тој.
Менаџерскиот тим на ЗК ,,Пелагонија,, ги поздрави владините мерки за стабилизирање на пазрот со пченица и брашно. Генералниот директор Драги Петровски, го информира министерот дека иако приносот во однос на последните десет години е најнизок и се движи од 3.000 до 3.300 килограми по хектар, квалитетот на пченицата е одличен.
- Ниски се и приносите од јачменот, но, за разлика од лани, годинава имаме извонредно голем и надпросечен принос од маслодајната репа. Целото производство го извезовме во Грција - рече Петровски. |