Министерот Димовски се сретна со украинскиот амбасадор Хончарук

Date of publication: 
21 July 2010
Ukrainski Ambasador 007.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се сретна со амбасадорот на Украина во Република Македонија, неговата екселенција, господин Јурии Хончарук.

 

За стабилизирање на македонскиот пазар со вино и испитување на можноста за извоз на поголеми количини на украинскиот пазар, министерот Димовски и украинскиот амбасадор Хончарук, се договорија со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во октомври да се одржи промоција и дегустација на македоснките вина во Украина.

 

-Укарина е заинтересирана и за увоз на праски, кајсии, јаболка, раноградинарски производи и млечни преработки – рече министерот Димовски, но, додаде тој, мора да направиме напор, место преку посредници, македонските земјоделски производи директно да ги извезуваме на овој голем пазар.

 

Согледувајќи ги македонските производствени потенцијали на овошје и зеленчук, како и на млечни преработки, амбасадорот Хончарук потенцира дека Украина е заинтересирана земјоделските производи од Република Македонија на овој пазар да ги има најдоцна во почетокот на мај. За поорганизиран пласман на овошјето, зеленчукот и преработките од Македонија, истакна тој, мора да се воспостави дирентна комуникација  и соработка на македонските компании од земјоделско прехранбениот сектор со големите трговски синџири во Украина.

 

Министерот Димовски и украинскиот амбасадор по средбата заклучија дека соработката меѓу Република Македонија и Украина и на економски план во делот на аграрот, мора да продолжи да се развива и продлабочува во интерес на развојот на стопанството и економијата на двете држави.