- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски ги обиколи погодените површини од невремето во РосоманДата на објава: 20 Јули 2010Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ја посети Општина Росоман и земјоделските површини кои викендов беа погодени од невремето што го зафати овој регион. Тој ги информираше дека за заштита од град, екипите за противградобијната заштита испукале 32 ракети во росоманскиот и 11 во преспанскиот регион. Во најкус рок тој најави дека комисиите ќе направат проценка на штетите на грозјето, праските и на другите земјоделски култури.
- Заштита со поставување на заштитни мрежи и осигурување на насадите се најефикасниот начин за заштита од невреме и град. И оваа година, преку мерката надомест за осигурување на примарното земјоделско производство од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, државата субвенционира 60 проиценти од осигурителната полиса за лозови и овошни насади, за градинарски и житни култури, како и за тутун. Пријавувањето за оваа мерка е до 31 август – рече министерот Димовски.
Владата како и многупати досега, додаде министерот Димовски, ќе интервенира и ќе најде начин да им помогне на земјоделците кои се погодени со невремето. |