- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
РЕАКЦИЈАДата на објава: 19 Јули 2010Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, остро реагира на денешното соопштение на една од опозициските политички партии, дадено по денешното означување на почетокот на полнењето на браната ,,Кнежево,, од хидосистемот ,,Злетовица,,. Иако изградбата на пречистителните станици е обврска на локалната самоуправа, Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, ќе вложат максимални напори да им помогнат на општините во нивната изградба, со што во целосна функција на граѓаните ќе се стави грандиозниот проект на Владата за изградба на ХС ,,Злетовица,,. Повеќе од очигледно е дека преку оваа писмена реакција, уште еднаш се истакнува жалењето за загубената провизија од десеттина милиони евра кои на криминален начин ќе завршеа во приватни џебови, доколку проектот за изградба на ХС ,,Злетовица,, беше доделен на странска фирма за сума од 36 милиони евра. Со одлуката на Владата на Република Македонија за поништување на таквата одлука и за давање на проектот на домашна фирма и тоа само за сума од 26 милиони евра, сега ХС ,,Злетовица,, е реалност ставен во функција на граѓаните, а не фикција која ќе се реализираше само во приватните џебови на поединци. Заради објективно информирање на јавноста, Министерството за земјоделство се повикува на факти, а не на паушални изјави на поединци. -Хидросистемот Злетовица е повеќенаменски систем финансиран од страна на Владата на Република Македонија. -Изградбата на системот се одвива во три фази: -ФАЗА 1 - Изградба на и придружни објекти, зафати и цевководи и SCADA Систем. -ФАЗА 2 – Наводнување -ФАЗА 3 – Производство на електрична енергија ФАЗА 1 - Изградба на и придружни објекти, зафати и цевководи и SCADA Систем. Првата фаза започна со реализација во 2005 год. со изградба на дваесет километарскиот пристапен пат Злетово – Брана Кнежево. Браната е висока 75 метри, долга околу 3,8 километри, со можност за акумулирање на 23,5 милиони m3 вода. Според планираната динамика, целосното завршување на изградбата на браната се очекува до крајот на месец Октомври. По извршеното пробно тестирање на контролираното полнење на браната денес и официјално се започнува првото контролирано полнење на браната. Следните месеци планирано е да заврши монтирањето на хидромеханичката опрема за целосното затворање на браната, а до крајот на Октомври планирано е да се заврши со уредување на круната на браната, пробивањето на патот до мештаните, изградба на Кучешкиот зафат и цевковод, изградба на пумпната станица за Кратово и завршување со антиерозивните мерки. Во 2007 година изградени се цевководи до Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово во вкупна должина од 75 км, а на цевководот до Пробиштип е извршена рехабилитација. Во завршна фаза е изградбата на управната зграда за SCADA системот, по што до крајот на Август, по вселувањето во овој објект и монтирањето на опремата се предвидува ставање во функција и на овој систем. Преку ХС „Злетовица“, за околу 110 илјади граѓани од општините Штип, Свети Николе, Кратово, Пробиштип, Лозово, Карбинци и Злетово ќе се обезбеди квалитетна вода за пиење. Ова се факти за сработеното само за 4 години, кои веќе имаат конкретна реализација на теренот, ставена во функција исклучиво на граѓаните на Република Македонија. Втората и третата фаза од прокетот ,,Злетовица,, следуваат наскоро и предвидуваат наводнување и производство на електрична енергија. Сo Втората фаза од изградбата на ХС „Злетовица“ планирано е да се наводнуваат 4.070 хектари обработлива земјоделска површина во општините Пробиштип и Кратово, со што, преку зголемување на приносот во земјоделското производство ќе се подобри животниот стандард во овие општини. За реализација на оваа фаза од изградбата на ХС „Злетовица“, според изготвената Студија, потребни се 36,5 милиони евра, а временскиот период за кој треба да заврши изградбата е 3 години. Со Третата фаза планирано е подобрување на енергетската состојба во Република Македонија и тоа преку изградба на повеќе мали хидроцентрали по течението на реката Злетовица кои ќе имаат планирано годишно производство на електрична енергија од околу 50 GWh. За реализација на оваа фаза од изградбата на ХС „Злетовица“ потребни се околу 20 милиони евра. |