- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски се сретна со Здружението на млади агрономи од СтрумицаDate of publication: 15 July 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска се сретна со Здружението на млади агрономи од Струмица кое како правно лице ќе се занимава со производство на расад за градинарство и за цвеќарство, како и давање на советодавна услуга на земјоделците директно на терен.
На средбата,младите агрономи ги презентираа своите идеи кои се однесуваат на производство на сопствен расад со што ќе се добиат поголеми гаранции за квалитет на производот. Тие побараа од министерот да се најде начин за добивање на државно земјоделско земјиште под закуп за организирање на производството на расад. За да се оствари правото на закуп на младите агрономи им беше појаснета процедурата за доделување на земјиште под закуп,односно критериумите кои треба да се исполнуваат.Министерот Димовски исто така ги информираше за можностите за нивно вклучување во проектите во надлежност на министерството особено во делот на едукација на земјоделците.Секоја добра иницијатива во корист на подигнување на продуктивноста во земјоделството истакна министерот Димовски ќе биде прифатена од страна на министерството. |