- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
„Ден на одгледувачите на овци и кози“Date of publication: 10 July 2010Со пригодна свеченост и во присуство на министерот за зeмјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димоски, евроамбасадорот Ерван Фуере и амбасадорот на САД, Филип Рикер во месноста „Смрдливи вирови" на планината Бистра почна манифестацијата „Ден на одгледувачите на овци и кози“.
Министерот Димовски во своето обраќање ја истакна поддршката на државата на, како што рече, една од најважните гранки на македонското стопанство. - Сточарството како стопанска гранка има важна улога во бруто домашниот производ, со оглед дека е на трето место по остварените средства од извоз на производи. Од тие причини Владата продолжува со своите заложби да го поддржи овој сегмент. Од над една милијарда денари, колку што се наменети за субвенционирање на земјоделството, 820 милиони се наменети токму за сточарството, подвлече Димовски. - Големо е задоволството што го гледам напредокот во квалитетот на производство на храна во Македонија. Со првата фаза од ИПАРД програмата, беа прифатени 28 проекти кои ќе бидат поддржани со 4,2 милиони евра, рече Фуере и нагласи дека во догледно време за Македонија можат да бидат достапни европски пари во висина од 75 милиони евра. Годинава на манифестицијата учествуваат сточари од Хрватска, Србија, Косово, Албанија и од Мaкедонија. Во рамки на манифестацијата вчера се одржа тркалезна маса на тема „Оценка на јагнешкото месо на линија на колење - ЕУРОП стандард". |