- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
ПОСТАВУВАЊЕ НА КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА АДМИНИСТРАТИВЕН ОБЈЕКТ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВОДата на објава: 20 Јуни 2010Премиерот Никола Груевски и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го поставија камен-темелникот на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што во наредните 17 месеци ќе се гради на постојната локација на Министерството во Градскиот парк во Скопје.
Новиот објект ќе биде со основа од 1.800 метри квадратни и вкупна површина од 5.900 метри квадратни распределена во приземје и три ката. За негова реализација се обезбедени 4,5 милиони евра обезбедени од Владата на Република Македонија и Светска банка преку Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ.
Премиерот Груевски нагласи дека Министерството со години функционираше на пет различни локации со што отпочнувањето со градба на овој објект има големо значење за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и е од исклучителна важност за зајакнување на институционалниот капацитет при имплементацијата на политиката за развој на земјоделството и соочување на Република Македонија со предизвиците во процесот на подготовка на земјата за пристап кон ЕУ
Во новиот објект, како што кажа, ќе бидат сместени сите оддели на Министерството со што ќе се зголеми нивната ефикасност. Министерот Димовски посочи дека изградбата на новиот објект ќе овозможи услови за непречено и професионално извршување на работните обврски на вработените во Министерството и подобрување на квалитетот на услугите кон земјоделците, земјоделските асоцијации и останатите корисници на услугите кои на едно место ќе можат да добијат се што им е неопходно.
- Во изминатите три години со Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ воспоставени се скоро сите информатички системи за евиденција и следење на земјоделците и земјоделските стопанства согласно ЕУ регулативите, зајакнат е капацитетот на ветеринарните инспектори и Управата за ветеринарство, како и на Државниот инспекторат за земјоделство. Поддршката е насочена и кон Платежната агенција која ја доби ЕУ акредитацијата, а успешно се реализира и реформата во водостопанството, рече министерот Димовски и додаде дека Проектот ја финансира изградбата на административниот објект за сите активности да можат непречено да функционираат и полесно да бидат координирани.
Тој нагласи дека целиот процес за ангажирање фирми за проектирање, надзор и изведба на новата зграда на Министерството е спроведен согласно процедурите на Светска банка и Правилниците за набавки во рамки на ЕБОР заеми и ИДА кредити од 2004 година |