- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Македонското министерство за земјоделство ќе ги пренесе своите искуства на колегите од српското министерство за земјоделство,Date of publication: 3 June 2010Македонското министерство за земјоделство ќе ги пренесе своите искуства на колегите од српското министерство за земјоделство, со цел побрза имплементација на европските стандарди во земјоделството.
Ова денеска го изјави македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски по средбата со неговиот српски колега Саша Драгин во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.
- Ние можеби сме еден или два чекора понапред од Српската платежна агенција и затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија сесрдно ќе излезе во пресрет на било кое барање на Српското министерство во делот на пренесување на искуствата од нашето досегашно работење и евентуалните грешки кои нашата страна ги има направено за да не се повторат и кај нив, рече министерот Димовски, додавајќи дека на вториот дел од средбата со српскиот министер ќе се разговара за регионалната соработка.Двете министерства досега имаат одлична соработка и ќе продолжи и во иднина.
Во врска со барањето на мелничарите да се спречи нелојалната конкуренција со увозот на српското брашно, Драгин негираше дека Србија го субвенционира извозот на брашното и на земјоделските производи.
„Тргувањето во ЦЕФТА регионот е слободно и ние сакаме на сите компании од соседството да им овозможиме целиот тој простор да го чувствуваат како свој. Тоа засега е единствениот начин да се бориме против далеку поуспешните економски региони“, рече Драгин. |