- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Работен состанок пред жетвата на пченицатаDate of publication: 2 June 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставници на групацијата на мелничко-пекарската индустрија на Стопанската комора на Македонија, агрокомората на Сојузот на стопанските комори и на земјоделските здруженија. Овај состанок е продолжение од претходниот каде што се разговараше за претстојниот откуп на пченицата.На овој состанок беше констатирано дека по откупот на домашната пченица треба да се почне со увозот на пченица и на брашно за да не дојде до нарушување на пазарот.Според производителите на пченица и на брашно приблем претставува ефтиното увозно брашно, поради што побараа увозното брашно да се контролира со лабораториска анализа и ако ги исполнува условите, да се пушти во промет“.Министерството за земјоделство како што беше кажано ќе ги превземе сите потребни мерки кои се во негова надлежност со цел извршување на квалитетен откуп на пченицата од реколта годинава. Од страна на земјоделците беше посочено, доколку се откупува пченица од новата реколта за потребите на бирото за стокови резерви, да бидат вклучени сите региони.Според министерот Димовски тоа е веќе договорено и треба да се реализира. |