- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Состанок на Подкомитетот за земјоделство на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Р. Македонија и Европската УнијаDate of publication: 17 May 2010,,Го поздравуваме усвојувањето на Законот за органско производство и ја потикнуваме Република Македонија да продолжи да се консултира со релевантните служби на Eвропската унија при изговување на законоски акти кои имаат за цел транспонирање на ЕУ легислативата. Екипирана и функционална администрација и соодветна алокација на финанскиски средства е многу значајна за ЕУ процесите. Констатираме дека евидентен напредок има и кај Платежната агенција и во Интегрираниот административен и контролен систем - ИАКС , посебно за делот кој се однесува на Регистерот за земјодески стопанства, како и во областа на заедничко уредување на пазарите и политика за квалитет за производите.За Европската комисија, големо е и задоволството од интересот за првиот јавен повик за ИПАРД. Се надеваме дека истиот ќе има успешен завршеток, односно дека ќе бидат искористени средствата. Повеќегодишната финансиска спогодба за периодот 2007-2010 стапи на сила на 12 април 2010 година и Eвропската комисија ќе може да пристапи кон авансирање на ИПАРД средствата во Националниот фонд,,.
Ова се дел од заклучоците од шесттиот состанок на Подкомитетот за земјоделство и рибарство на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европскта Унија кој неодамна се одржа во Брисел а со кој копретседавеше заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски,а на кој учествуваа и претставници од различни релевантни инстутуции. На состанокот на подкомитетот беше констатирано дека Европската унија е сеуште најзначаен трговски партнер на Република Македонија во трговската размена со земјоделско-прехранбени производи. Најважните македонски агро-прехранбени производи за извоз во 2009 година беа непреработен тутун (38,7%), вино (11,1%), јагнешко месо (8,8%), мекотели преработени (4,3%), друг зеленчук, свеж или замрзнат (4,8%), како и бисквити и вафли (3,5%).
Нашите претставници ги информираа претставниците на Европската комисија дека направен е значителен напредок во поглед на хармонизација на македонското законодавство со европското, особено по однос на успешна трансформација на ИПАРД оперативните структури (ИПАРД управувачко тело при МЗШВ, и Платежната агенција) и тоа согласно барањата за ИПАРД, официјално акредитарно со делегирање на надлежностите од страна на Европската Комисија на 18 декември 2009. Сите системски закони важни за земјоделство и безбедноста на храна се подготвени и како што информираа македонските претставници, повеќето се во финална постапка за нивно усвојување. До средина на 2010 истите ќе бидат усвоени со што ќе се постигне повисоко ниво на хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ. Подзаконските акти кои произлегуваат од овие закони ќе се донесат во текот на оваа година.Висок е процентот на искористување на ЕУ техничка помош: TAIEX и успешно планирање IPA -TAIB компонента. И покрај негативните ефекти од глобалната финансиска криза, буџетот за земјоделство во 2010 година, ја информираа ЕК нашите претставници изнесува 8 билиони денари (130 милиони евра во споредба со 100,7 милион евра за 2009) или 30% повисок износ од ланскиот кои во главно се дистрибуираат како 100 милиони евра државна помош во земјоделството и руралниот равој. Претстваниците на Eвропската комисија истакнаа дека се свесни за финансиската криза но дека институционалното зајакнување на административните капацитети кои работат на креирање и имплементирање на земјоделската политика е од огромно значење и според нив овој процес не смее да биде загрозен.
По однос на новиот прогрес во Платежната Агенција нашите претставници ја информираа ЕК за напредокот во процесот на делегирање на надлежностите за менаџирање со ИПРАД фондовите. Според нив задоволни се од резултатите на имплементација на првиот повик за понуди за ИПАРД фондовите. И покрај обесхрабрувачките ефекти на глобалната финансиска криза врз инвестициите, пристигнати се 131 апликации за три акредитирани мерки во вкупна вредност од 18 милиони евра. Тие објаснија дека во споредба со другите САПАРД земји се два или три пати повеќе апликации во истиот период. Овој резултат е потврда на дорбо завршена работа на оперативните структури пред објавување на повикот. Македонската страна потенцираше дека сме фокусирани на следење на фазите на евалуација на проектите и контрактирање, анализа и програмски модификации и подготоки за вториот повик.
По однос на Фарм регитерот беше истакнато дека тоа е најбитната компонента на ИАКС и се наоѓа во процес на постепено воспоставување од 2007. Министерството се наоѓа на последната фаза на воспоставување на интегрираниот регистер на земјоделските стопанства поддржани од ИТ инфраструктура базирана на единствен фармски индетификациски број, кој ги содржи сите битни информации на ниво на фарма потребни за ефективно одлучување и имплеметација на политиките.
За Системот за индетификација на земјишни парцели (LPIS) беше истакнато дека во текот на минатата година успешно заврши првата фаза (од вкупно две) за имплементација на LPIS која вклучува ортофото снимки, продукција на дигитален теренски модел (DTM) и иницијално дигитализирање на физичките граници на земјоделското земјиште на целата територија на Република Македонија. Површините на земјоделско земјиште беа идентифицирани, фотоинтерпретирани и дигитализирани согласно видливите и лесно толкувачки граници од дигиталните ортофотомапи снимени преку воздушно фотографирање и сега се готови за употреба како инпут за втората фаза на LPIS која се однесува на консултација со фармерите.
По однос на втората фаза, беше истакнато дека консултација со фармерите ќе се врши во текот на цела 2010 година и тоа во локалните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, каде што фармерите идентификуваат референтни парцели (фармски блокови) кои што ги култивираат, кои се едитирани од страна на локалниот персонал на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство преку користење на веб-базирана LPIS софтверска апликација.
По однос на Интегрираниот административен и контролен систем IACS, беше истакнато дека Платежната Агенција има поставено процедури за контрола на ИПАРД фондовите кои беа предмет на одобрување од страна на Европската комисија. Истите процедури беа транспонирани и применети во имплементација на националните програми за рурални развој во 2009 година.По однос на ова, Европската Комисија истакна дека IACS е посебно значаен и комплексен систем кој треба да е целосно функционален со станување на земја членка за да може да се користат средства на Eвропската унија и дека Република Македонија е на добар пат во воспоставување на овој систем, но, дека сеуште има доста работа. Според ЕК се ценат напорите за воспоставување на функционанлни системи, но, недостасува регистер за овоштарници. Од македонска страна беше објаснето дека овој регистар ќе биде на ист принцип како и катастарот за лозови насади и дека негово воспоставување ќе започне колку што е можно поскоро.
По однос на Земјоделскиот пазарен информативен систем - AMIS беше истакнато дека е институционални услови за основање се воспоставени и функционирањето е во напредна фаза.
Нашите претставници информираа дека FADN системот функционира.Подзаконската регулативи за македонските ФАДН се веќе во фаза на меѓу-институционално одобрување и ќе бидат донесени до крајот на април 2010 година. Eвропската комисија пак констатира дека има напредок во воспоставување на FADN и AMIS системите.
Во однос на политиката за квалитет на земјоделските производи, беше истакнато дека финансиска поддршка продолжува во текот на 2010 година. Според Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2010 буџет од 325.000 € е доделен во рамките на подпрограмата за поддршка за спроведување на стандарди за безбедност во земјоделското производство и контрола на квалитетот. Овој буџет, кој е со постојан раст во изминатите четири години, е 30% повисок во споредба со буџетот од € 250,000 во 2009 година.
За органското земјоделство посочено беше дека трендот на зголемување продолжи и во 2009 година, како во однос на капацитет за производство на органски производи, така и во однос на бројот на земјоделци, преработувачи и трговци. Финансиската поддршка од страна на Владата на Република Македонија го следи зголемениот интерес на земјоделците за органско производство, па поради тоа планираниот буџет за 2009 година во износ од 821,311 € е зголемен за дополнителни €277,049.
За делот на Политика за рурален развој македонската страна го истакна напредокот во делот на Национална политика за рурален развој и национална шема и по однос на ИПАРД. Со измените на одредбите за рурален развој во рамките на Законот за земјоделство и рурален развој направен е чекор за транспонирање на принципите за спроведување на мерките за рурален развој усогласени со принципите за програмирање, следење и имплементација на политиката за рурален развој на ЕУ и насоките од стратешката рамка за политика на рурален развој на земјите членки.
Од страна на Eвропската комисија беше истакнато дека се задоволни од интересот за првиот јавен повик за ИПАРД и се надеваат дека истиот ќе има успешен завршеток, т.е дека ќе бидат искористени средствата. Исто така укажаа дека повеќегодишната финансиска спогодба 2007-2010 е стапена на сила на 12 април 2010 год и Eвропската комисија ќе може да пристапи кон авансирање на ИПАРД средствата во Националниот фонд.
Членовите на подкомитетот беа известени дека на техничкиот состанок за ИПАРД е договорено во 2010 да има две модификации на ИПАРД програмата со тоа што едните ќе бидат технички и пред вториот јавен повик за ИПАРД проекти, а вторите ќе бидат структурни и ќе ја вклучат финансиската година 2012 и се планирани за пред крајот на 2010.
Во делот на Ветринарна политика беше истакнато дека по однос на идентификацијата и регистрација на животни, по имплементација на системот на малите преживари, 2009 година беше забележано подобрување на целовкупниот систем генерално, особено во делот на известувањето за движење, регистрација на животните во датабаза, употреба на документи за движење и контрола на движењето на животните на пазарот.
Eвропската комисија побара во Република Македонија да се достават материјали за идентификација и регистрација на коњи зошто како што најавија ќе обрнат посебно внимание на ова за време на преговорите.
Во областа на контрола на болести на животни, беше потенцирано дека во текот на 2009 година детална евалуација на успехот на стратегијата за ерадикација на бруцелозата кај малите преживари е извршена согласно препораките од минатогодишниот Поткомитет за земјоделство и рибарство.
По препорака на европски експерт и дополнително по препорака на ЕК, Управата за ветеринство изготви нова Програма за контрола и ерадикација на бруцелозата кај малите преживари. Новата стратегија ќе доведе до територијална поделба на подетален епидемиолошки начин т.е епидемиолошки единици. При ваквиот пристап, беше укажано дека се очекува на среден рок да се запре понатамошното ширење на болеста, намалување на бројот на заболени животни и луѓе, а со тоа и намалување на финансиските средства потребни за контрола на болестите.
Во делот на Фитосанитрана политика, македонските претставници информираа дека е донесен Законот за ратификација на Меѓународната конвенција за заштита на новите сорти на растенија и дека постапката за полноправно членство на Република Македонија во УПОВ Конвенцијата е во тек . Исто така, беше потенцирано дека последните измени и дополнувања на Законот за семе и саден материјал, вклучуваат целосно прифаќање на препораките од последниот Поткомитетот за земјоделство и рибарство за автоматско признавање на семето од Заедничкиот ЕУ Каталог за семе и ослободување од процедурите за увоз на семе и саден материјал со целосно укинување на одобрението за увоз.
Eвропската комисија го поздравува донесувањето на Законот за УПОВ и предиведеното зачленување во УПОВ како и измените во Законот за семе и саден материјал со кое е отстранета бариерата за увоз на семе и саден материјал по потекло од земјите членки од Eвропската унија.
Во делот на Рибарството, македонската страна потенцираше дека измените и дополнувањата на Законот за рибарство и аквакултура се во насока на дефинирање на мерки и користење на државна помош, намалување на предвидените казни во казнените одредби од законот, како и, поедноставување на постапката за регистрација на субјекти - одгледувачи на риби, како и допрецизирање на организирањето на рекреативен и спортски риболов.
По однос на ова Eвропската комисија нотираше напредок во законските акти за рибарство и аквакултура.Беше дадена препорака да се изврши анализа на новата реформа на Заедничката политика за Рибарство на Европската Унија, која се очекува да стапи во сила во 2013 година. |