- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
СоопштениеDate of publication: 15 May 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски кој е во посета на новосадскиот саем имаше средба со српскиот министер Саша Драган за земјоделство на која се разговараше за соработката на двете министерства.Министерот Димовски на стредбата го отвори прашањето за долгата процедура при увоз на македонското свинско месо во Р.Србија.Овој проблем како што истакнал министерот Драган за една недела очекува дека ќе биде надминат,односно ќе се имаат во предвид сертификатите што ги издава нашава земја.
Министерот Димовски денеска учествуваше и на конференцијата за реформите на заедничката земјоделска политика на ЕУ и придобивките од пристапувањето.Во излагањето за препораки при користење на ИПАРД Програмата министерот Димовски истакна дека потребно е пред да се напише програмата да се направи детална анализа на терен и програмата да се изработи според потребите на земјата.Во подготовката на потребната документација за аплицирање од страна на потенцијалните корисници да се консултираат сите институции од кои ќе се бара документ и со истите да се потпише Меморандум за соработка како и тоа да се извршат што поголем број презентации на програмата, како и обуки на терен за начинот на аплицирање упатени кон потенцијалните корисници.
Министерот Димовски оствари средба и со своите колеги,естонскиот министер за земјоделсво Валдар Седер и со Петар Чобанковиќ министер за земјоделсво на Р.Хрватска |