- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Зголемен лимитот за кредитите за откуп на винско грозјеDate of publication: 7 May 2010Наместо 300.000 евра што беше лимит досега, винарските визби ќе може да земат максимален заем од 700.000 евра со пет отсто годишна камата од земјоделскиот кредитен фонд. Целта на зголемувањето е да се исплатат заостанатите долгови кон лозарите од реколтата 2009 година.
Фондот годинава располага со 10 милиони евра од кои 2,5 милиони се за лозарите и винарите.
- Новите кредитобаратели може целиот износ од 700.000 евра да го наменат за отплата на долговите или со 300.000 евра да набават основни или обртни средства, но сумата над оваа до новиот лимит може да биде наменета само за подмирување обврски за откуп на грозје за преработка, рече денеска на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски.
Винарските визби што лани веќе користеа од овие кредити до најмногу 500.000 евра, сега може да позајмат уште 200.000 евра.
Во насока на обезбедување пласман за виното во залиха, веќе се контактирани 15 амбасади. Испратени се дописи со детална спецификација за количините и квалитетот. Повратните инфорамции од заинтересираните странски купувачи се доставени до визбите.
Согласно новите закони за вино и за земјоделство, договорите меѓу лозарите и винарите мора да се склучат најмалку 45 дена пред откупот на грозјето и со нив да се покријат 50 отсто од договорените количини,а откупот мора да се врши со потпишан договор. |