- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
ГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРОДАЖБА НА МАКЕДОНСКА ОРГАНСКА ХРАНАDate of publication: 3 May 2010Трговците кои што се заинтересирани за продажба на органски земјоделски производи да дефинираат за кои култури и преработки и за колкави количини за пласман се заинтересирани, а Федерацијата на производители на органски производи неопходно е да подготват листа на производи и расположиви количини за продажба.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги прави подготовките за реализација на национална кампања за промоција на органското производство во Република Македонија. Ова се заклучоците од неодамна одржаниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство меѓу претставниците на големите супермаркети и Федерацијата на органски производители.
На состанокот кој го водеше заменик министерот за земјоделство Перица Иваноски, беа презентирани политиките на Министерството за земјоделство за поддршка на органското производство, плановите за спроведување на националната кампања за негова промоција, како и интересот на големите супермаркети за организиран пласман на органските земјоделски производи во нивните трговски центри.
Фармерите членови на Федерацијата на органски производители на трговците им ја презентираа палетата на органски производи и количествата кои тие можат да ги понудат на пазарот. Од нив побараа да ги дефинираат условите за продажба на органските производи во нивните трговски центри со цел навремено да се организираат потребните количества за пласман, како и околу пакувањето и дистрибуцијата на производите.
Министерство за земјоделство дава голема финансиска поддршка за развој на органското земјоделско производство во Република Македонија. Следејќи го интересот на фармерите за органското производство, од година во година почнувајќи од 2005, ја зголемуваме поддршката на примарните органски произвдители. Така во 2005 година, таа изнесуваше симболични 6 милиони денари, во 2007 година достигна 11 милиони денари, во 2008 година 20 милиони денари. Минатата година, за поддршка на органското земјоделско производство одвоени беа 50,1 милиони денари, а годинава со Програмата за финансиска поддршка за органско земјоделско производство од буџетот предвидени се 70,8 милиони денари.
Во 2005 година кога почна поддршката на органските феремери, сертиофицирани беа само 266 хектари земјоделска површина. Во 2006 година сертифицираната површина скоро двојно се зголеми изнесуваше повеќе од 509 хектари. Во 2007 година, како ораганска сертифицирана е површина од 714 хектари, наредната, 1029 хекатри, а во 2009 година, како органска, сертифицирани се 1055 хектари.
Република Македонија е водечка земја во регионот по големината на финансиската поддршка која ја дава за развој на органското земјоделско производство, а со новиот закон за органско земјоделско производство донесен во декември минатата година и во поглед на усогласеноста со европската легислатива. |