- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Измени на Програма за финансиска поддршка во земјоделствотоDate of publication: 28 April 2010Министерот Љупчо Димовски на денешната средба со новинарите ги појасни измените на Програмата за субвенционирање на земјоделството кои беа усвоени на вчерашната седница на Владата. Овие измени се изготвени за потребите за реализација на антикризните мерки кои ги утврди Владата на Република Македонија.
Со измените се поедноставуваат процедурите за остварување на правото на користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и тоа во следните насоки: намалување на бројот на потребни документи кои барателите ги доставуваат, а со тоа и намалување на финансиските издатоци на барателите за обезбедување на имотни листови, како и овозможување на меѓусебно компензирање на долговите со субвенциите.
Во случај кога барателот ги има исполнето сите услови и критериуми утврдени во оваа програма, а има неподмирени надоместоци и обврски , ќе се овозможи меѓусебно компензирање на надоместоците и обврските со одобрената финансиска поддршка, по претходна согласност на барателот, Министерството и Агенцијата.
Во случај кога барателот не се согласува за компензација, барањето ќе биде одбиено. Доколку одобрените финансиски средства на барателот се во повисок износ од износот на неподмирени надоместоци и обврски, по извршената компензација Агенцијата разликата ја исплаќа на сметка на барателот.
Новина е и тоа што од оваа година земјоделците нема потреба да доставуваат нови имотни или поседовни листови и со тоа да прават дополнителни трошоци.Податоците за катастарските парцели ќе се обезбедат по службена должност преку Подрачните единици на министерството за земјоделство.
Се продолжува и рокот за поднесување на барањата за овчарството и козарството до 15 ноември наместо до 30 мај.Ова продолжувење е со цел сточарите кои подоцна ќе го обележат стадото да го остварат правото на субвенции. |