- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Подготовка на слатко од диви смокви во ДојранDate of publication: 25 April 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски присуствуваше на манифестацијата за промоција и подготвка на слатко од диви смокви што се одржи во општина Дојран во соработка со Слоу Фуд и мрежата на жени на ФФРМ
Манифестацијата е дел од Проектот на Фондацијата Слоу Фуд за промоција на автохтони сорти на оваа култура од целиот свет.
Промоцијата на овој производ карактеристичен за југозападниот дел од државата беше и поводот петнаесетина жени од регионот денеска по стар домашен рецепт да подготват околу 100 килограми слатко.
- Токму ваквиот традиционален начин на подготовка на храна е тоа што и треба на Македонија за поголема конкурентност на странските пазари истакна министерот Љупчо Димовски. Особено е значајно што веќе станува збор за преработка на земјоделски производ, на култура како што е смоквата која што многу лесно може да го најде патот до крајниот потрошувач.
Ваквото слатко според организаторот ќе го промовираме и на саемот кој ќе се одржи во октомври во Италија кој е на светско ниво и од каде веќе има најави за порачки.
Локалната самоуправа преку ваквите манифестации гледа можност за поголема промоција на регионот и привлекување на повеќе туристи. |