- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски учествуваше во порибувањето на Охридското ЕзероDate of publication: 19 April 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со ендемичниот вид охридска пастрмка и во акцијата за уништување на рибарската опрема запленета од страна на рибочуварската служба.
Во водите на езерото беа пуштени 200 илјади единки охридска пастрмка од минатогодишниот мрест одгледани по вештачки пат во новоизградените капацитети на Хидробиолишкиот институт во Охрид.
- Во преговори сме со албанската страна и наскоро ќе се сретнам со ресорниот министер од Република Албанија, со кого ќе ги дефинираме работите, односно ќе побараме забрана за риболов на охридската пастрмка од двете страни на езерото, изјави министерот Димовски.
Директорот на Државниот земјоделски инспекторат Ванчо Димитриев рече дека само во изминатите шест месеци од страна на рибочуварската служба на инспекторатот се запленети повеќе од три илјади мрежи со должина од 150 километри. Тој додаде дека за период од три и пол години запленети се вкупно десет илјади мрежи, со вкупна должина од околу 500 километри.
-Иако постои забрана за стопански риболов до 2014 година, ние ќе делуваме на Охридското Езеро. Се надевам дека со албанската страна ќе воведеме заеднишки контроли за заштита на рибата во езерото, појасни Димитриев и побара логистичка поддршка од локалната самоуправа за заштита на охридската пастрмка, конкретно со техничка помош и внатрешни инспекциски служби на некои пловни објекти.
Оваа година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за вештачки мрест на охридска пастрмка обезбедени пет милиони денари, што е најмногу од 2004 година кога со одлука на Владата беше воведена целосна забрана за стопански риболов на Охридското Езеро |