- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште во ГевгелискоДата на објава: 13 Април 2010Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска распиша јавен оглас за давање под закуп 179 хектари државно земјоделско земјиште во Гевгелиско.
Земјиштето се издава за подигање маслинарници на период од 50 години, а максималната површина за кој може да аплицира и да добие еден понудувач е 10 хектари.
Податоците за земјоделско земјиште се во согласност со катастарската евиденција и увид во нив може да се направи на огласна табла во Подрачната единица надлежна за соодветната огласена површина.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица, пак, треба да имаат регистрирано подружници во Република Македонија.
Услов, исто така, е на домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште да им е потребно за вршење научно-истражувачки дејности.
Право на учество немаат лицата со ненамирени обврски по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на државно земјоделско земјиште, правни лица за кои е отворена стечајна постапка и непрофитните организации.
Отварањето на понудите за огласот ќе биде на 12-ти идниот месец, во просториите на Министерството за земјоделство. |