- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Квалитет на земјоделски производиDate of publication: 1 April 2010Прилагодување кон стандарите на Европската Унија во поглед на квалитетот на земјоделските производи и регулирање на пазарот со нив, Ова се основите на предлогот на Закон за квалитет на земјоделски производи, за кој денеска во Министреството за земјоделство, шумарство и водостропанство се одржа јавна расправа со претставници на невладиниот сектот-земјоделски здруженија и со научни установи .
Сите овие насоки кои ги нуди законското решение за квалитетот на земјоделски производи, кое е во фраза на изработка, како што рече заменик министрот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски кој ја водеше јавната расправа, ќе се реализира преку дефинирање на министерството за земјоделство како носител на правата и обврските и единствен орган надлежен за квалитетот на земјоделските производи.Тоа треба да се оствари преку дефинирање на минимум квалитет и стандарди за да може земјоделските производи да се стават во промет.
Предлог законот за квалитет на земјоделските производи е доставен и до другите надлежни министерства на разгледување,а до крајот на идната недела, до Министреството за земјоделство ќе можат да се достават сите забелешки предлози кои се однесуваат на формулирањето на новото законско решение. По неговото усвојување, со подзаконски акти ќе се допрецизираат одредниците кои ќе бидат дефинирани со Законот за квалитет на земјоделски производи. |