- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Петта акција ,,Ден на дрвото,,Дата на објава: 30 Март 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски активно се вклучи во граѓанската иницијатива ,,Ден на дрвото-засади ја својата иднина,, реализира под слоганот „Растеме заедно“.
По тој повод министерот Димовски на локалитетот филтерница во Кратово заедно со градоначалникот Мите Андоновски се придружија на илјадниците граѓани кои масовно излегоа да засадат 40 000 садници предвидени за тој реон.
Во оваа акција која имаше и регионален карактер каде што се вклучија и погранилните општини од Албанија, Србија, Грција, Бугарија со садење на садници на граничните премини беа обезбедени 7,5 милиони садници за околу 100 локации низ Македонија . За реализирање на акцијата „Ден на дрвото“ од Буџет се одвоени 50 милиони денари, а Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги обезбеди садниците.
Акцијата симболино почна неколку дена претходно со садење садници од страна на амбасадорите на странските земји во Република Македонија, на која присуствуваше и министерот Димовски,на месноста Три Круши кај Драчево.
Во досегашните четири акции беа засадени околу осум илјади хектари со 20 милиони садници.
Првата акција беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиона дрва. На 28 октомври 2008 година беше организирана и втората со засадување шест милиони садници, на 14 март 2009 беа засадени уште пет милиони дрвца, а на 19 ноември минатата година беа засадени уште 7,5 милиони садници. |