Ко-финансирање на инвестиции за рурална инфра структура

Date of publication: 
16 March 2010

Во Програмата за рурален развој за годинава која изнесува околи 10 милиони евра меѓудругото финансиски ќе се поддржуваат и инвестициите за рурална инфраструктура во висина од 67 милиони денари.Во овие инвестиции спаѓаат неколку активности од областа на сточарството,наводнувањето и инвестиции во рурални улуци и патишта.

 

За инвестиции во создавање на основни предуслови за развој на сточарството за прифатливи трошоци се сметаат:услуги за изработка на проект и техничка документација за градба, електрификациски или водоводни работи, набавка на опрема за поврзување на одгледувалиштата на добиток со електрична енергија, вклучително и набавка на агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема за снабдување со електрична енергија,опрема за поврзување на одгледувалиштата на добиток со водоснабдување,градежен материјал и елементи за изградба на зафати на вода за водопоила, елементи  за конструкција на резервоари за водопоила на пасишта и изградба на водопоила,набавка на опрема за оградување на пасишта за воведување на системи на контролна испаша и опрема за оградување со струјни насочувања, вклучително и компјутерска опрема и софтвер како и услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опрема.Минимални критериуми се: 7 грла млечни крави,15 грла говеда за тов годишно,250 овци од сите категории, 150 кози или 50 маторици или минимум 1000 свински гоеници годишно.Максимална вредност на прифатливи трошоци се движи  до 1.000.000 денари  до 5% од вредноста на проектот за услуги за изработка на проект.За овие инвестиции вкупно се предвидени 5 милиони денари

 

И оваа година ќе се ко-финансираат активностите на водните заедници и тоа за инвестиции за рехабилитација или проширување на системите за наводнување и за одводнување со кои раководат заедниците и кои се однесуваат на услуги за изработка на проект и техничка документација за градба,набавка на градежен материјал и елементи за конструкција (пумпи, филтри, цевки) и набавка на водоснабдителна и контролна опрема, вклучително и компјутерска опрема и софтвер.Право за користење на овие средства ќе имаат водните заедници кои ги исплатени сите давачки по основ на користење на вода за претходната фискална година или  да ги имаат обезбедено сите дозволи за користење на природни ресурси за водоснабдување согласно прописите за заштита на животната средина и водите.Максимална вредност на прифатливи трошоци се до 3 милиони денари и до 10% од вредноста на проектот за услуги за изработка на проект.

 

За Инвестиции во реконструкција или покривање на селски улици и тротоари во рурални подрачја ќе се ко-финансират услуги за изработка на проект и техничка документација за градба,набавка на градежен материјал и материјал за прекривање на површината на патот вклучително и покривни елементи (бекатон плочки, камени плочки или коцки или слични површински покривни елементи),набавката на опрема за улично осветлување и услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опрема.Должината на селската улицата или улиците нетреба да надминува вкупна должина од 800м и широчина на патот која не надминува 6м,инвестицијата задолжително да предвидува тротоари со ширина од најмалку 1м  и улично осветлување и локацијата на инвестицијата да е во село кое припаѓа на општина со рурален центар.Максимална вредност на прифатливи трошоци се до 7.000.000 денари или до 12% од вредноста на проектот за услуги за изработка на проект

 

Поради стимулирање на овчарството и за оваа година се предвидени средства за надмест на трошоци за номадско одгледување на овци и традиционално овчарство,

нето-плата на вработени лица за чување на добиток во висина од просечна месечна нето-плата од дејноста за период од 01.11.2009 до 31.10.2010 година.Стадото мора да брои најмалку 150 овци од сите категории,а поддршката се доделува за сооднос - еден вработен овчар на 150 овци.Вработеното лице за кое е исплатена поддршката мора да остане во работен однос најмалку 1 година од годината за која е одобрена поддршката.

Максимална вредност на надоместот не е повеќе од 200.000 денари по еден вработен

 

Висината на процентот на ко-финансирање зависи од предвидената мерка и изнесува од 50 до 80 проценти.