- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Перспективи на задругарството во Република МакедонијаДата на објава: 19 Февруари 2010,,Перспективи на задругарството во Македонија,, беше тема на состанокот кој заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски го одржа со претставници на земјоделските здруженија и земјоделските задруги од земјава. Како што истакна заменик министерот, од особено значење е здружувањето на земјоделските производители во различни облици на здружување заради поорганизиран настап на пазарот и единствен успешен модел за надминување на проблемите во производството, но, пред се во пласманот на земјоделските производи, на домашниот и на странските пазар, најмногу за овошјето, зеленчукот и млекото.
Целта на здружувањето на земјоделските производители во земјоделски задруги е унапредување и заштита на економските интереси на членовите на задругите, зголемена конкурентност на производството и поголем профит за членовите на земјоделската задруга.
Неорганизираноста на земјоделците и недостатокот на довербата се основните причини поради кои постои мал интерес за формирање на здруги. Причина плус за ваквата состојба во задругарството е и во недостаток на квалитетен менаџерски кадар кој би требало да ја менаџира работата на задругата и да ги координира активностите на задругарите.
Оние задруги кои сега функционираат во земјоделско – прехранбениот сектор, претежно вршат работи кои се однесуваат на набавка на репроматеријали, а воопшто, или многу малку работат на изнаоѓање на пазари за пласман на земјоделските производи, што е еден од најголемите проблеми во производството.
Преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и годинава државата финансиски го помага формирањето на нови и функционирањето на постоечките земјоделски задруги. Како што истакна заменик министерот Иваноски и покрај тоа, минатата година преку оваа програма, финансиска поддршка користеле само 5 земјоделски задруги.
Годинава, Програмата за рурален развој, со 5 милиони денари ќе го поддржи формирањето на нови и одржувањето на работата на веќе формираните земјоделски задруги. Максималната вредост за која можат да аплицира новоформираната земјоделска задруга е 700 илјади денари. Прифатливи се трошоците за едукација на потенцијалните здружници за предностите од економското здружување и организирање. Заменик министерот објасни дека со пари од оваа програма ќе се кофинансираат и оперативните трошоци за формирање на задругата, за едукација на управителот за основите на менаџментот на задругата, како и за набавка на опрема за канцелариски простории, компјутерска опрема. Програмата ги покрива и трошоците за водење на сметководство и бруто плата на управителот на новоформираната земјоделска задруга.
Оваа година, со 3 милиони денари ќе се поддржи и одржувањето на работата на постоечките земјоделски задруги. Максималната вредност на поддршката за нив изнесува 500 илјади денари, а прифатливи трошоци се оние кои се однесуваат на водење сметководство, надомест на бруто плата на управителот во износ од 80 проценти од просечната годишна плата во дејноста, трошоци за едукација на задружниците за воведување на заеднички производствени практики ( органско производство, Глобал Гап, интегрирано земјоделско производство итн) како и за постбербени активности.
Непостои европска регулатива која треба да ја интегрираме во националното законодавство во однос на формирањето и работата на задругите. Затоа, како што потенцира заменик министерот, ресорното министерство останува отворено за разгледување на забелешките и предлозите на производителите, односно на нивните земјоделски организации, а кои се во насока на потреба за измена или дополнување на постоечкиот Закон за задругите. |