- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Приоритетно ќе биде чистењето на коритото на Црна рекаDate of publication: 17 February 2010Зголемување на нивото на водотеците и на подземните води, нивно составување и заезерување на земјоделските површини во последните два дена предизвикаа повисоките температури, топењето на снегот и интензивните врнежи дожд, посочи на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Ваквата состојба е главно изразена во струмичкиот,пелагонискиот и во велешкиот регион.Во средниот дел на Црна река е забележано излевање во неколку села во општините Mогила, Новаци, како и на дел од површините во селата во прилепсакиот дел од пелагонија.
Според управата за хидрометеоролошки работи, во моментов се повлекуваат подземните и површинските води. Нивото на Црна река кое вчера беше 3,90 метри сега е намалено за 30 сантиметри и изнесува 3,60 метри. Основниот проблем е во нивото на обработливите земјоделски површини кое е на два метра што значи дека разликата е 1,90 метри. Нелогично е одводните канали да ја преземат водата од површините и таа да се влее на повисока кота од 1,90 метри. Има присуство на подземни води посебно во атарот на општина Могила поради што не станува збор за поплавеност, туку за зголемено ниво на високите подземни води, појасни министерот Димовски.
Во битолско дека уште вчера, на проблематичниот деветти канал е извршена санација на 2-3 критични места на насипот на каналот, а во црпењето на водата со пумпи помогна и ЕЛЕМ со што може да се каже дека на овие места проблемот е веќе надминат.
Владата на синоќешната седница одлучи приоритетно да биде чистењето на коритото на Црна. Координатор на целата акција е Министерството за транспорт и врски, а вклучени се и министерствата за земјоделство и за одбрана, како и Дирекцијата за заштита и спасување.
Согласно Акцискиот план на Управата за водостопанство, предвидено е чистење на деветиот канал кај селото Новаци во должина од 4.200 метри и на вториот канал кај селото Могила во должина од 6.800 метри. Ќе се чистат и Сува Река, општина Василево, во должина од 1.240 метри, реката Турија, 6.154 метри, и Иловачка Река, општина Босилово, во должина од 2.913 метри.
За оваа намена се обезбедени 35 милиони денари од кои 20 милиони се од буџетот на МЗШВ, а останатите 15 милиони се од Програмата што ја реализира Фондот за води.
Акцијата за 2010 година е обемна и опфаќа чистење на 64.108 метри одводни канали, односно речни корита каде ситуацијата е најкритична, што е двојно повеќе должина во однос на чистењето лани. Министерството за земјоделство во изминатиот период ги исчисти примарните канали. Сега ќе се чистат секундарните - каналска одводна мрежа.
Со оглед на најавеното зголемување на температурите и на врнежите, во наредните денови се очекува повторно зголемување на водостоите на речиси сите водотеци во Македонија, особено во покритичните места како што се сливот на Црна река, Радика, горниот дел на река Вардар (во полошко), горниот дел на Треска и водотеците кои гравитираат од Кожуф планина. |