- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Заменик министерот Иваноски во обиколка на поплавените површни во општина БосоловоДата на објава: 16 Февруари 2010Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, во придружба на градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев, денеска ги обиколи поплавените површини во оваа општина. Тој најави дека речните корита и одводните канали во струмичко, кои од страна на локалната самоуправа беа потенцирани kako главна причина за поплавување на земјоделските површини по обилните врнежи од дожд и снег, кон крајот на април или во почетокот на мај ќе почнат да се чистат. Според заменик министрот Иваноски, сега претстои објавување на тендер за избор на компанија која ќе ја реализира активноста за чистење на речните корита и одводните канали.
Планирани е да бидат исчистени десет километри речни корита и канали во струмичко оваа година. Ќе се чистат 6 километри од реката турија, од Иловичка Рeka 3 километри и 1,2 километри од Сува Рeka. Долгорочно, како што истакна заменик министерот Иваноски, во следните години тие треба да обезбедат сигурност дека кога има зголемен водостој, реките нема да се излеваат и да предизвикуваат штети на земјоделските посеви.
Министерство за земјоделство заедно со водостопанското претпријатие Струмичко Поле, локалната самоуправа ја слеедат состојбата со врнежите, бидејќи зголемен е и водостојот во акумулациите и се координирани активности со цел да не дојде до испуштање на поголеми количини вода од акумулациите, а со тоа и до зголемување на нивото на водата во каналите и во реките, што може да предизвика поплави |