Сектор за шумарство и ловство

Сектор за шумарство

 

1. Одделние за пошумување и одгледување на шумите

  • Годишна Програма за проширена репродукција на шумите;
  • Договори за пошумување на голините, нега на шумски култури и мелиорација на деградирани шуми и шикари, за производство на шумски саден материјал и други договори
  • Решенија, одобренија, мислења и други акти поврзани со производството, регистрацијата, извозот и увозот на шумски саден и семенски материјал, како и со други пошумувачки работи
  • Врши теренски увиди на реализираните работи по Програмата и врз основа на констатираното изготвува записници

2. Одделение за заштита на шумите

 

Одделението:

  • Ја следи здравствената состојба на шумите;
  • Предлага мерки за сузбивање на каламитетни појави на растителни болести и штетници и епифитоции од растителни болести;
  • Ја следи состојбата со заштита на шумите од пожари и од други абиотски и биотски негативни фактори;
  • Подготвува извештаи, информации, анализи и предлози во врска со заштитата на шумите од биотски и абиотски фактори;
  • Врши контроли на терен во врска со појавата на штетни инсекти и растителни болести и изготвува записници врз основа на констатираната состојба на терен;
  • Врши и други работи кои произлегуваат од законските прописи, а се однесуваат на заштитата на шумите;

3. Одделение за ловство

 

Одделението:

  • Подготвува извештаи, информации и анализи во врска со состојбите во ловството;
  • Подготвува јавни конкурси за давање на дивечот на користење по пат на концесија;
  • Врши обработка на комплетната документација на пристигнатите понуди за користење на дивечот во ловиштата;
  • Подготвува Одлуки до Владта на Република Македонија за давање на дивечот на користење по пат на концесија;
  • Подготвува договори за користење на дивечот во ловиштата и нивно изменување и дополнување;
    Организира и ја следи целокупната постапка за изработка и донесување на Општата и посебните ловностопански основи;
  • Врши контрола на обработените годишни програми за стопанисување со дивечот во државните ловишта;
  • Учествува во изработка на документацијата за одобрување на елаборати за изградба на оградени простори во ловиштата;
  • Изготвува прдлози до Владата на РМ за формирање на репроцентри;
  • Подготвува документација и одобренија за внесување на нови неавтохтони видови на дивеч во Република Македонија;
  • Подготвува документација и одобренија за застрел на дивеч под трајна заштита;
  • Врши и други работи што ќе му ги довери помошникот на раководителот на секторот и раководителот на секторот и за својата работа одговара пред нив.

4. Одделение за уредување и користење на шумите


Одделението:

  • Организира и го следи изготвувањето на Општиот и посебните планови за стопанисување со шумите;
  • Разгледува и води евиденција на изготвените посебни планови за стопанисување со шумите;
  • Изготвува решенија за одобрување на посебни планови за стопанисување со шумите;
  • Разгледува и дава мислење за изменување и дополнување на посебните планови за стопанисување со шумите;
  • Разгледува и дава мислење на програмите за уредување на приватни шуми;
  • Подготвува одобренија на барања за сеча во шуми кои не се опфатени со посебните планови;
  • Разгледува барања и подготвува мислења за користење на минерални суровини, изградба на инвестициони и други објекти во шума;
  • Прибира и обработува податоци и изготвува информации за уредување и користење на шуми;
  • Подготвува одобренија за извоз на дрвни производи и други шумски производи;