Презентиран Системот за идентификација на земјишни парцели во Република Македонија- ЛПИС

Дата на објава: 
9 Февруари 2010
Prezentacija na LPIS.jpg

ЛПИС – (Land parcel identification system )- Системот за идентификација на земјишни парцели согласно член 17 од Регулативата 73/2009 на Советот на ЕУ, како и со Регулативата 796/04 во Република Македонија во поголем дел е  веќе воспоставен.

 

Како што појасни Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на денешната презентација,ЛПИС е еден од клучните подсистеми (заедно со евидeнцијата на земјоделските стопанства, животните, правото на исплата, лозови насади) на Интегрираниот систем за администрација и контролата на директните плаќања по површина и по култура и се користи за пресметување и за контрола на исплатата на износот на директните плаќања (субвенции)на земјоделците.

 

Системот е заснован на техники на компјутеризиран географски систем на информации, базиран на  просторни ортофото слики во размер од 1:10.000 според европската регулатива,а нашите податоци се во размер од 1:5 000 што дава уште по точни информации. Овие дигитализирани податоци се користат како основа на која се поставуваат слоеви на просторни податоци со кои се дефинира употребата на земјоделското земјиште базирани на различни референтни основи (катастарска парцела, земјишни блокови, обработлива земјоделска површина, засеана земјоделска култура),векторизација на непроменливи постојани граници на земјишните парцели: помеѓу земјоделско и неземјоделско земјиште, и помеѓу две различни земјоделски култури

 

Владата на Р.Македонија во 2008 година усвои акциски план со активности за воспоставување на ЛПИС  во неколку фази:

 

-2008 година – Избор на консултантска компанија, подготовка на технички спецификации за развој на системот, и формирање на ЛПИС тим,

 

-2009 година – Избор на изведувач и извршено: воздушно снимање на цела тероторија на РМ (месец јуни-јули), подготовка на ортофото снимки, дигитализација на земјишни блокови, и ДТМ (август-декември),

 

-2010 година – контрола и финализација на податоците (октомври 2009 – до сега).

 

За потребата на имплементирање на ЛПИС во нашава земја формирано е одделение за ЛПИС при министерството за земјоделство кое е надлежно за воспоставувањето на системот,извршена е обука на вработените од министерството и консултантите од ВММС проектот, кои треба да го применуваат овој систем.

 

Од април годинава ќе почне втората фаза од имплеменацијата на ЛПИС системот која ќе опфати обука на вработените од сите 33 ПЕ на МЗШВ, со поддршка на консултантите од ВММС проектот и странски експерти како и медиумска кампања која ќе има за цел промовирање на системот по што ќе следи консултација со фармерите, кои со помош на вработените во ПЕ ќе ги идентификуваат сопствените земјоделски површини, и конечно воспоставување на ЛПИС на целата територија на РМ. Оваа фаза ќе биде финансирана од првата копонента на ИПА 2008.

 

Во тек на наредната година ќе се консултираат земјоделците за идентификување на земјиштето што го обработуваат за оформување на финален слој на ЛПИС податоци кои содржат потврдени и означени земјоделски блокови

 

Крајните продукти покрај употребета за потребите на ЛПИС се веќе од голема корист и за другите државни институции кои имаат потреба од просторни податоци како што се Катастарот, Министерството за транспорт и врски,Министерството за внатрешни работи и др.