- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Николовски на терен во струмичкиот регион што беше погоден од вчерашното невремеДата на објава: 8 Јули 2018Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчo Николовски, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, денеска по вчерашното невреме во струмичкиот регион, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви. Според првичините проценки од поројниот дожд и град е предизвикана штета врз градинарските култури односно најмногу врз пиперката и посевите со пченица, но и материјална штета на објекти и приватен имот. Невремето предизвика штети во повеќе населени места во општина Струмица како и во општина Босилово. Со оглед на тоа дека освен врз земјоделските посеви, невремето предизвика и материјална штета на објекти и приватни имоти, постапката за проценка на штетите ќе се врши преку општините. Комисиите за проценка на штети од општините Струмица и Босилово од утре ќе започнат со проценка на штетите на терен, по што ќе следува постапка за обештетување. МЗШВ е во постојан контакт и со општина Могила, каде што вчерашното невреме предизвика исто така штети врз земјоделските култури, особено врз тутунот. Општината формираше Комисија која што од денеска започна со увид на терен и проценка на штетите. Во општина Могила невремето предизвика најголеми штети во селата Вашарејца, Долно Српци, Бернаци и Ивањевци. |