- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Пчеларите задоволни од состанокот во Министреството за земјоделствоDate of publication: 3 February 2010Зголемен број на пчелни семејства, но и на лица кои се занимаваат со пчеларство како примарна и како дополнителна дејност. Ова е резултат на правилно насочените субвенции за поддршка на овој вид сточарско производство,беше кажано на денешниот работен состанок во министерството со претставниците на пчеларските здруженија.Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, информира дека минатата година од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, на пчеларите им биле исплатени повеќе од 76, 4 милиони денари, наспроти 54 милиони денари во 2008 година.
Евидентен е и трендот на зголемување на бројот на пчелни семејства. Како што објасни Иваноски, во 2008 година, преку програмата, финансиски биле поддржани околу 110 илјади, а минатата година дури 150 илјади пчелни семејства.
Годинашната поддршка од 500 денари за конвенционално пчеларење и дополнителната поддршка од 30 проценти за органско пчеларство според анализите е доволна за рентабилно работење. Во 2008 година за финансиска поддршка на органското пчеларсто од Програмата биле исплатени 10 милиони денари на 127 пчелари и правни лица. Минатата година со органско пчеларење се занимавале 148 пчелари. Ним им биле исплатени 13 милиони денари за субвенции.
Во 2009 година министерството издвои повеќе пари за органското пчеларство зашто го промовираше концептот на органско производство. Но сега, откако е прифатен кај дел од производителите, акцент ќе се стави на промоција кај потрошувачите.
Од 2007 година Владата постојано ја зголемува поддршката за пчеларството кое е една од перспективните гранки со компаративни предности. Ланските 90 милиони денари за конвенционално и органско пчеларско производство им се поделени на 2.600 корисници.
До мај, како што најави заменик министерот, ќе се донесат сите подзаконски акти од постоечките закони што ги регулираат безбедноста и пазарните стандарди во делот на медот и пчелните производи. Со нив ќе се регулира квалитетот на медот и ќе се води поголема сметка за етикетирањето по класи и за правење разлика за квалитетот на медот. Со субвенционирање на пчеларството, според претставниците на Пчеларскиот сојуз на Македонија, индиректно се поддржува целокупното земјоделско производство, а вака проектираното субвенционирање е развојно, за што потврда е зголемување на бројот на производителите на и пчелните семејства.
Претставниците на пчеларските здруженија, апелираа за поголема контрола во производството и пласманот, не само на медот и другите пчелни производи, туку и на репродуктивниот матријал. Исто така тие предложија Министерството за земјоделство да го дефинира времнскиот тајминг кога ќе се вршат потребните контроли на пчелните семејства на терен за да се оствари правото на субвенција.
До крајот на годинава, како што најави Иваноски, Министерството ќе направи напор да го воспостави системот за идентификација и регистрација на пчелните семејства со што ќе обезбеди следливост на производството на мед и пчелни производи, а и ше се добие прецизна бројка слика за бројноста на пчелните семејства во земјава. |