- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Заврши поправката и надградбата на радарскиот систем ЃуриштеDate of publication: 9 June 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на управата за хидрометереолошки работи Ивица Тодорoвски денеска беа во посета на Ѓуриште,по повод завршувањето на поправката и надградбата на радарскиот систем. „Климатските промени се едни од најзначајните работи на кои што како Влада и министерство сме насочени, се со цел да креираме адаптивни мерки со кои што ќе помогнеме на граѓаните,на секторот земјоделство,фармерите , и за квалитетно следење на временските услови и превземање соодветни агротехнички мерки. “ – истакна Николовски По речиси 5 години Министерството за земјоделство, преку програмата за рурален развој, обезбеди 3 милиони денари средства за поправка и надградба на радaрскиот центар Ѓуриште. Благодарение на новиот систем земјоделците ќе можат навремено да се информираат и да се заштитат од потенцијални временски непогоди. |