- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Анѓушев: Владата е насочена кон реални економски проекти за објективни и одржливи позитивни резултатиDate of publication: 6 June 2018Потпретседателот на Владата на Р.Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министрите за финансии Драган Тевдовски, за транспорт и врски Горан Сугаревски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги презентираа резултатите од анализите за ефектите од економските политики на Владата на Република Македонија. Анализите се изготвени врз основа на податоци добиени од државните институции и од стопанските комори што ги користи економскиот тим на Владата при креирање на краткорочни и долгорочни политики. Вицепремиерот Анѓушев посочи дека Владата е насочена кон реални економски проекти, кои ќе дадат објективни и одржливи позитивни резултати. „Очекуваме дека растот на земјоделството во првиот квартал од 2018 година во споредба со истиот период од минатата година ќе биде околу 7% или нешто над 7 %, а растот на индустријата на преработувачката и на производите од индустријата ќе бидат околу 6%. Услужните дејности се очекува да имаат раст над 10% во првиот квартал во 2018 година. Ценам дека овие бројки сосема јасно говорат за економска активност и дека Владата за една година успеа економијата во земјата да ја врати во реални рамки. Ќе се бориме за реални економски текови и активности, без измислени и виртуелни проекти. Ќе бидеме внимателни со трошењето на парите на граѓаните на Република Македонија, на даночните обврзници и каде ги трошиме нивните пари без разлика дали тоа предизвикува помали или поголеми бројки“, изјави вицепремиерот Анѓушев. При тоа Анѓушев потенцираше дека извозот во првиот квартал од 2018 година е 14,3% повисок во споредба со истиот период од лани. Анализите на економскиот владин тим покажуваат дека додадената вредност, односно паричните средства кои се во оптек во првото тромесечје од 2018 година во споредба со истиот период од 2017 се очекува да имаат раст од околу 5%. Во делот на градежништвото вицепремерот Анѓушев изјави дека се очекуваат подобри резултати во високоградбата, а намалување во нискоградбата. Во однос на интензитетот на реализација на капиталните инвестиции, министерот за финансии Тевдовски посочи дека се очекува зголемување на нивото на капитални инвестции. „Ние наследивме бројни проблеми во проектите како несоодветни проектни документации и слично, но се одлучивме да не одиме по лесниот пат и да градиме фасади и споменици туку да инвестираме во тоа што ќе донесе добро за економијата. Правиме притисок на сите институции и веруваме дека во втората половина на годината ќе имаме значајни подобрувања. Да потсетам дека минатата година остваривме рекордно ниво на реализација на капитални инвестиции токму во последниот квартал од годината“, изјави министерот за финасии Тевдовски. Според официјалните податоци за период јануари заклучно со 30 април 2018 во споредба со истиот периуод од лани вкупните приходи во буџетот на РМ имаат раст од 4,6 %, при што даноците, и тоа сите, персоналниот, данокот на добивка, акцизата, ДДВ и други давачки пораснале за 7,2 % а другите придонеси пензиско, инвалидско и другите пораснале за 6%. |