- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Годинава за поддршка на руралниот развој 10 милиони евраDate of publication: 1 February 2010За инвестиции во руралниот развој, годинава од Буџетот, со Програмата за финансика поддршка на рурален развој ќе се одвојат 579 милиони денари или околу 10 милиони евра, што е за 3 милиони евра повеќе од 2009 година. На прес-конференцијата која се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Маргарита Делева, државен советник за рурален развој информира дека огласот за распределба на парите од оваа програма ќе биде објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на крајот на наредниот месец.
Во рок од триесет дена по објавувањето на огласот земјоделските производители може да конкурираат со бизнис план за поддршка на проекти. Годинава, додаде таа, тракторите се вклучени во оваа програма и затоа се очекува голем интерес за аплицирање од страна на земјоделците.Според Програмата, мерките за спроведување на политиката за рурален развој ќе се финансираат со 326 милиони денари. 168 милиони денари се наменети за подобрување на конкурентноста и за модернизација на земјоделските стопанства, односно инвестици за земјоделска механизација и опрема за лозарство, овоштарство, производство на житни и индустриски култури.
Со 63 милиони денари се поддржуваат инвестициите за доработка, преработка, складирање, патување и маркетинг на земјоделските производи. Станува збор за поддршка на преработувачките капацитети пред се за достигнување на стандардите за безбедност на храна и подобрувањето на квалитетот на финалниот производ.
Инвестициите во руралната инфраструктура, пак, ќе се финансираат со 67 милиони денари. Со тие пари ќе се создаваат основни предуслови за развој на сточарството, како што е електрификација на фармите за одгледување добиток, подобрување на селската инфраструктура и на секундарните системи за наводнување со кои управуваат водостопанските заедници.
Програмата за рурален развој предвува и седум милиони денари за промотивни активности за развој на руралниот туризам, девет милиони денари за подобрување на знаењето на земјоделските производители и обезбедување советодавни услуги и едукација за управување, осум милиони денари како поддршка на организирање и заедничко вршење производна дејност на земјоделски стопанства, како и четири милиони денари за инвестиции за произвдоство и користење на обновливи енергии во рурални подрачја. |