- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Преку поинтензивен билатерален дијалог до посилни економски врски меѓу Македонија и СловенијаДата на објава: 11 Мај 2018Љубљана, 10.05.2018 Вчера и денеска главниот град на Словенија беше домаќин на 11. Седница на Мешовитaта комисија по Спогодбата за стопанска соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија. Македонската страна ја предводеше државниот секретар во Министерство за економија г-дин Зоран Павловски, а словенечката беше предводена од државниот секретар во Министерство за надворешни работи на Република Словенија, г-дин Изток Мирошич, Целта на Мешовитата комисија е развивање и унапредување на вкупните билатерални економски односи меѓу двете земји во повеќе економски области, како и развивање на можности, изнаоѓање на решенија и иницирање на предлози за подобрување на условите за економската соработка. Двајцата претседавачи разменија економски податоци за двете земји, при што забележано е зголемување на словенечките инвестиции во Република Македонија, кои се позиционирани на петтото место, со вкупно кумулативни изнвестиции од 376 милиони евра или околу 8,1% од вкупниот прилив на СДИ во земјата, и тоа во банкарскиот сектор, осигурителните компании, кондиторските капацитети, недвижностите, лековите, услужниот и енергетскиот сектор. Досега се регистрирани 415 словенечки вложувања во Република Македонија. Во последните 5 години регистрирани се македонски инвестиции во Република Словенија, кои кумулативно изнесуваат над 18 милиони евра. Само во 2017 година инвестицискиот износ е 8,3 милиони евра. Треба заедно да работиме на развој на посилни економски врски и промовирање на трговијата и инвестициите, преку поинтензивен билатералниот дијалог за економски прашања, особено во контекст на ЕУ, за да можеме значајно да ги подобриме бројките - заклучија двајцата копретседавачи. Од особена важност е да се поддржи соработката во потенцијалните сектори, како што се: енергетика, транспорт и транспортна инфраструктура, земјоделство, индустрија и интернационализација, животна средина, туризам, дигитална економија и др, за кои детално се разговараше на експертско ниво на маргините на 11. Седница на Мешовитата комисија. Експертите разменија предлози и идеи и се договорија за активности и проекти во наведените сектори за нивна взаемна поддршка, за кои ќе се подготви заеднички Акциски план и ќе се следи нивната реализација до одржување на следната 12. Седница на Мешовитата комисија во Скопје, следната година. |