МЗШВ: Се забранува вршење на риболов во периодот на природен мрест на рибите

Date of publication: 
17 April 2018
logo_mzsv.png

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година.

 

Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони, а периодот на забрана е различен за секој вид на риба. Забраната за вршење риболов во период на мрест, е предложена од концесионерите, со цел да се овозможи природен мрест на рибите.

 

Со решението,  концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на одделните риболовни ревири и рекреативни зони се должни за периодот на забрана да ги известат рекреативните риболовци, а Македонската риболовна федерација треба да ги извести концесионерите за на својата веб страна, да објави известување за периодот на забрана по поединечни риболовни ревири и рекреативни зони и по одделни видови риби за кои се носи забраната.

 

Забраната за вршење риболов во одделни риболовни води и видови риби се донесува заради овозможување на непречен природен мрест на рибите, а врз основа на доставениот предлог за забрана на риболов од Македонската риболовна федерација, на барање на концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони .

 

Во прилог е целосниот документ со периодот за забрана за риболов за секоја риба одделно.

Додаток за превземање: