Надминати недоразбирањата за откупната цена на пролетната зелка помеѓу земјоделците производители на зелка и откупувачите

Дата на објава: 
4 Април 2018
zelk.jpg

Претставници од Владата на Република Македонија и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска во Струмица одржаа заеднички состанок со земјоделците производители на зелка и со откупувачите. На состанокот се разговараше за моменталната состојба со откупот на пролетна зелка, конкретно за откупната цена на овој производ.

 

Земјоделците и откупувачите посочија дека прв пат после долги години, денеска воспоставуваат една релација меѓу нив за долгорочна соработка.

На состанокот земјоделците и откупувачите начелно се договорија откупната  цената да се движи од 25 до 20 денари за килограм во зависност од тоа како ќе се движи цената на светските пазари. По овој договор, земјоделците посочија дека нема да протестираат.

 

Дополнително на средбата, земјоделците и откупувачите се договорија да се формира  Работна група составена од претставници од земјоделците, откупувачите и од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Оваа работна група ќе го следи откупот не само на зелката туку и на останатите земјоделски производи од струмичкиот регион, со цел постигнување на договор од заеднички интерес за двете страни.

 

Земјоделците и откупувачите, заклучија дека нивниот однос мора да биде партнерски, односно заеднички да се договараат од моментот на садење на производот  до неговиот откуп и продажба, следење на откупните цени на светските пазари, се со цел како што посочија земјоделците да нема манипулации со откупните цени.

 

На првиот состанок на работната група,  земјоделците, откупувачите и ќе договараат за количините на зелка за откуп како и за откупната цена.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и во следниот период континуирано ќе ја следи состојбата со откупот на зелката и откупната цена.