- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Николовски на трибина со земјоделците: Нови стратегии за поголем број на земјоделски осигуренициDate of publication: 18 March 2018Државата и натаму ќе финансира 60% од премијата за осигурување на земјоделските поседи, но потребно е да се подигне свеста за потребите и придобивките од осигурувањето кај земјоделците. Ова денеска го порача министерот Љупчо Николовски на трибината со земјоделците и осигурителните компании.
На средбата се дискутираше како да се зголеми бројот на осигурени земјоделци и да се искористат што повеќе мерките на Министерството за земјоделство. И покрај мерката со која државата покрива 60% од премијата за осигурување, во последните години се бележи пад на бројот на осигурени земјоделци. Овие податоци беа доволни да се вклучи алармот и побараат решенија за зголемување на бројот на осигуреници.
„Не можеме секогаш да влијаеме врз климатските промени, но како ресорно министерство мора да работиме на ефикасни инструменти со кои ќе го заштитиме земјоделското производството, а земјоделците ќе можат да си ги покријат загубите“, порача министерот Николовски.
Министерот истакна дека осигурените земјоделци имаат пристап до повеќе субвенционирани програми за разлика од неосигурените, но и дека долгорочно, осигурувањето ќе го растерети буџетот кој сега во најголем дел се троши токму на исплата на штети.
„Покрај директната корист која ја имаат земјоделците од осигурувањето, самото Министерство ќе има повеќе средства на располагање за реализација на капиталните инвестиции, кои секако одат во прилог на сите земјоделци“, порача Николовски.
Во просек, годишно, досега за осигурување во земјоделството од елементарни непогоди се исплаќаа по 300 милиони денари. Заради негативните трендови во осигурувањето се размислува и за менување на целиот систем на осигурување во земјоделството.
Министерот Николовски и директорот Попоски, порачаа дека во периодот што следува ќе се работи на среднорочна и долгорочна стратегија за развој и зголемување на интересот за осигурување на земјоделското производство. При тоа во опција е проектот предложен од страна на реосигурителната компанија Европа Ре, во која државата се јавува како основач. Долгорочна стратегија би била врз основа на странските искуства во областа на осигурување на земјоделството.
Присутните земјоделци имаа забелешки до осигурителните компании за начинот на проценки кои што ги вршат компаниите. Земјоделците побараа од осигурителните компании до ноември во тековната година, да имаат објавено програмата, за да можат навреме да се информираат за пакетите што ги нудат компаниите.
|