- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Прва седница на Мешовитиот комитет на Македонија и СрбијаDate of publication: 15 March 2018Во Белград денеска ќе се одржи првата седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија чија цел е надминување на бариерите и сите отворени прашања за полесен проток на стоки и унапредување на размената.
Комитетот се формира по иницијативата што произлезе од средбата на министрите Љупчо Николовск и Расим Љајиќ во Скопје, на 7 март, кога беше постигнат договор за увозот на српското брашно во земјава.
Македонската делегација во Комитетот ќе ја претставуваат седум членови, претставници од Министерството за земјоделство, Царинската управа, Државниот инспекторат за земјодлство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и стопанственици.
Отворени ќе бидат повеќе прашања чие надминување би требало да го олесни протокот на стоки меѓу двете земји и да ја зголеми размената, како да нема задржување на македонските прехранебни производи на српска граница, контролите за квалитет на пратките да се вршат на местото на истовар, а не на граница, додека се вршат анализите од српска страна, македонските камиони да ги истоварат производите во соодветни складишта за тие таму да се чуваат, а не на граница.
На состанокот ќе се разговара и за признавање на фито-анализите од страна на двете држави, односно Србија да ги признава анализите од Македонија, и да не не ги контролира повторно производите веќе контролирани кај нас во акредитираните лаборатории, за да нема задржување на граница, и обратно Македонија да ги признава анализите направенби во Србија. Комитетот ќе ја преиспитува оправданоста на маркичките на брашното, и ќе разговара за евентуално нивно укинување, доколку за тоа се согласат стопанските комори од двете страни, и од Македонија и од Србија. |