Николовски: Формиравме Комитет, кој ќе работи на надминување на сите бариери во меѓусебната трговија со Србија

Date of publication: 
7 March 2018
srb4.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ.Тема на состанокот беа измените на македонскиот „ Правилникот за изгледот, формата и содржината на барањето за издавање на контролни маркици за означување на брашно“, но и сите отворени прашања и недоразбирања во меѓусебната трговија помеѓу двете држави.

Двајцата министри донесоа заедничко решение, во интерес на двете држави, односно дека за пакувањата на увозното брашно еден, два и пет килограми, контролни маркици ќе се лепат во Србија, а за пакувањата од 25 и 50 килограми, контролните маркици ќе се лепат во Македонија. Воедно на состанокот министрите се договорија во рок да се формира Комитете составен од надлежните институции на двете држави, чија што работа ќе биде во насока на надминување на сите отворени прашања поврзани со меѓусебната трговија.

„Се договоривме да формираме комитет меѓу двете влади кој ќе ги разгледа сите овие прашања. Комитетот ќе расправа и за оправданоста за постоење на ваквите маркици коишто биле воведени на барање на Стопанските комори и сега во согласност и со двете Стопански комори на стопанствениците од двете земји, доколку постои такво барање и интерес ние немаме никаков проблем да пристапиме и кон укинување на самите маркици“, изјави министерот Николовски.

Министерот Љајиќ, посочи дека Република Србија нема да воведе контра мерки за Република Македонија, бидејќи денеска е направен важен чекор за решавање на конкретниот проблем со извозт на срспко брашно, но и дека се отворија и сите други прашања, за кои што Комитетот ќе има задача да изнајде решение.

„Денеска недвосмислено покажавме политичка подготвеност за отстранување на сите царински бариери кои стојат на патот на меѓусебната трговија помеѓу двете земји“, посочи министерот Љајиќ.

Министерот Николовски посочи дека одговорноста за проблемот со брашното, е нефункционирањето на македонските институции изминатите 11 години

„Клучниот проблем во Македонија последните 11 години е нефункционирањето на институциите, на Инспекторатот, на АХВ и неработењето по процедурите и соодветните протоколи. Токму и еден од заклучоците на состанокот беше воведување засилена интегрирана контрола која треба да ја изградиме и да функционира“, подвлече Николовски.

Воедно од состанокот произлегоа, 10 заклучоци, за кои министрите со потпис се обрзаа на исполнување на истите.Заклучоците за кои министрите постигнаа договор се следните:

1.Контролните маркици од типот А во кои се вклучени пакувањата од 1,2 и 5 килограми, ќе се лепат кај произведодителите /извозници на брашно.

2.За маркиците од типот Б во кои што спаѓаат пакувањата од 25 и 50 килограми,  контролните маркици ќе се лепат во Република Македонија.

3.Ќе се формира Комитет составен од надлежните институциина Република Македонија и Република Србија.Првата седница на Комитетот ќе се одржи на 14.03.2018 година во Белград.

4. Комитетот во рок од 30 дена да понуди системско и трајно решение за проблемот во меѓусебната трговија со брашно, за во иднина се се избегнат вакви состојби.

5.Во рок од 30 дена од формирањето, Комитетот да ги нотира сите отворени прашања и да предложи решенија за отстранување на сите бариери и препреки во меѓусебната трговија.

6.Во делот на контролните маркици во предвидеиот рок, Комитетот ќе ја анализира оправданоста на воведувањето на маркиците и доколку постои согласност од стопанските комори на двете држави, ќе се работи на нивно целосно укинување.

7.Двете држави потписници се согласни преку надлежните институции на двете земји да ја зајакнат контролата со цел сузбивање на нелегалната економија и меѓусебната трговија со земјоделско-прехранбени производи.

8.Двете држави потписници се обврзуваат во потполност да ги почитуваат меѓусебните билатерални спогоди за фитосанитарна соработка и соработката во областа на безбедност на храна и ветеринарство, потпишани во 2012 година.

9.Државите потписнички се обврзуваат дека во иднина нема да се применуваат било какви бариери во меѓусебната трговија со земјоделско-прехранбени производи и ќе работат на забрзување и олеснување на процедурите на граничните премини, со што би се спречиле долги задржувања и би се овозможил брз проток на стоки, што е во духот на Берлинскиот процес и создавањето на заеднички економски пазар.

10.Комитетот да одржува седници најмалку еднаш во три месеци со цел да ги прати постигнатите резултати, како и спречување на нови појави за нецарински барирери и пречки во слободниот проток на стоки и услуги.