Челику: Идните политики на МЗШВ ќе се креираат врз база на детални анализи

Дата на објава: 
2 Март 2018
DSCN4728.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, како одговорна институција за креирање и спроведување на земјоделската политика во државата, работи на создавање на политики кои како краен резултат имаат долгорочен одржлив развој на земјоделството во Република Македонија. Таквите политики мора да се базирани на податоци, анализи, утврдени состојби и предвидени трендови и ефекти.

Имајќи го предвид ова, денес, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа презентирани анализи на политики во областа на земјоделството и руралниот развој со препораки за подобрување на истите согласно со условите во државата и усогласување со политиките на ЕУ. Областите кои беа опфатени се: подрачја со ограничени можности, управување со природни ресурси, пристапот LEADER, како и мониторинг на земјоделската политика.Анализите се подготвени и беа презентирани од страна на национални експерти од областа, а поддржани од Постојаната работна група за регионален рурален развој во ЈИЕ (SWG) и Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ).

Денешниот настан “Креирање политики врз база на анализи” го отвори Државниот Секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Нефрус Челику, а свои обраќања имаа  и Генералниот Секретар на SWG, Бобан Илиќ, како и Ирена Џимревска, Советник во GIZ. Тие упатија благодарност до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за поддршката во спроведувањето на анализите и изразија надеж дека истите ќе бидат користени во креирањето на националните политики.

На насатанот беа присутни повеќе од 40 учесници од релевантни институции, како што се МЗШВ,Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, академијата, приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор.

Во име на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Државниот Секретар на Министерството изрази благодарност до SWG за посветеноста на регионална соработка во областа на земјоделството и руралниот развој и за поддршката во процесот на анализа на земјоделските политики. Исто така, упати благодарност до ГИЗ, Германското федерално министерство за економска соработка и развојза безрезервната поддршка во напоритена МЗШВ да креира политики кои ќе доведат до одржлив развој на земјоделството во Република Македонија, а во склад со политиките на ЕУ.

Државниот Секретар на МЗШВ нагласи дека препораките кои произлегуваат од анализите внимателно ќе бидат елаборирани и ќе бидат земени во предвид при развивањето на земјоделските политики во Република Македонија.  Тој изрази надеж дека досегашната соработка со SWG и GIZ и понатаму ќе продолжисо проширување на опфатените области на анализа.