- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Продолжуваат разговорите помеѓу министрите Николовски и Љаjиќ, за наоѓање заедничко решение за увозот на српско брашноДата на објава: 2 Март 2018Разговорите пoмеѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Љупчо Николовски и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љаjиќ продолжуваат и во следните денови со цел наоѓање заеднички решенија во врска со процедурите за контрола на квалитет при увозот на брашно во Република Македонија. Двајцата министри се одлучни и се поветени на изнаоѓање долгорочни решенија, во духот на започнатиот Берлински процес, кој води кон создавање на услови за заеднички пазар. Засегнатите страни се информирани дека со измените на „Правилникот за изгледот, формата и содржината на барањето за издавање на контролни маркици за означување на брашно“, се менува само распоредот на целата процедура за увоз на брашно од странски земји во Република Македонија. Новина е што контролните маркици ќе се издаваат откако ќе се добијат резултатите од анализите од земените мостри за квалитет и безбедност на увозното брашно, и истите ќе се лепат во Македонија, пред увозното брашно да се пушти во промет. Потенцираме, дека овие правила важат и за македонските производители на брашно. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изврши само усогласување на постоечкиот Правилник, со цел да се гарантира безбедност и квалитет на увозното брашно и дека истото ќе се пушта во малопродажба откако ќе добие контролна маркица. Во останатите одредби од Правилникот нема промена и нема никакви дополнителни финансиските трошоци за увозниците. Со новите измени во правилникот на увозниците им се гарантира прецизна постапка на добивање маркици, побрза и поевтина во споредба со претходните години. Во таа насока, минатата година Владата на Република Македонија, донесе одлука за Измени за висината на надоместокот за издавање на контролни марки за означување на брашно. Со овие измени се намали надоместокот за издавање на контролни маркици кој се намали од 0,5 денари на 0,2 денари за пакувања од 1 килограм и од 1,5 денари на 0,2 денари за пакувања од 25 килограми. Ова намалување важи и за домашното и за увозното брашно. |