- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски ја посети свињарската фарма на велешка АгриаDate of publication: 25 January 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски ја посети свињарската фарма на велешка фирма ,,Агриа,,Во разговорите со менаџерскиот беше констатирано дека оваа фарма ги здоволува највисоките европски нормативи на свињарска фарма.
Во однос на набавката на храна за товење на свињите како пченка и пченица, министерот посочи дека би било добро земјоделците да прават однапред договори со добиточните фарми за своето производство со што би го решиле проблемот со пласманот на житариците. Министерството за земјоделство за дирекна финансиска подршка за годинава предвидува околу 129 милиони денари за посовремен развој на производство на свинско месо.
Свињарската фарма ,,Агриа,, планира да го прошири своето производство со средставата од ИПАРД Програмата и во наредните 5 години да го зголеми производството на свињи од сегашаните 32 илјади на 50 илјади.Во изготвувањето на документација за аплицирање за ИПАРД средствата голема помош имаат од министерството и од Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.Свињарските фарми како што беше кажано,очекуваат и подршката од Министервото за животна средина и просторно планирање за решавање на проблемот со отпадните води.
Директорот на Ветеринарната управа Дејан Рунтевски за време на посета потенцираше дека ветерната управа, постојано е присутна на терен со цел да се обезбеди подобра здраствена состојба на животните , а на потрошувачите безбедно месо. |