- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Грантови за земјоделци за воведување на агроеколошки мерки преку Програмата за развој на ООНDate of publication: 15 February 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска денеска заедно со постојаниот претставник на Организацијата на Обединети Нации (UNDP) во Македонија, г-ѓа Луиза Винтон, и со градоначалниците на Општина Ново Село и Босилово, Боро Стојчев и Зоран Зимбаков, го промовираа вториот циклус на обуки за земјоделци за воведување на агроеколошки мерки во сливот на реката Струмица. Целта на проектот да се воведат сет на сеопфатни мерки за обновување на функциите на сливот на река Струмица и да се зголеми неговата отпорност кон притисоците кои произлегуваат од економските активности и глобалните промени. Проектот е заснован на принципите на Директивите на ЕУ за води и поплави. Со проектот е предвидена поддршка за воведувањето на современи агро-еколошки мерки кај главните градинарски и овошни културиво регионот, односно грантови за земјоделците до 300.000 денари, кои ќе ги обезбеди UNDP. Поддршката за земјоделците е преку набавка на современа земјоделска опрема, како што се системи за микронаводнување, уреди за следење на влажност во почвата, системи за фертиригација, опрема за следење на појавата на болести и штетници. Министерот Николовски посочи дека ваквите проекти и во иднина ќе се поддржуваат со цел навремена едукација на земјоделците. „ Едукацијата на земјоделците во делот на примената на агроеколошките мерки, е нешто на кое што како ресорно министерство во иднина ќе посветиме сериозно внимание, се со цел да можеме ефикасно да се справиме со ризиците од поплави и суши, кои го прават ранлив еко-системот, пред се поради негативните влијанија од климатските промени. За таа цел, дел од политиките во Националната Програмата за развој на земјоделството и руралниот развој за периодот 2018-2022 година која што Владата веќе ја усвои, се во насока на одржливо управување со природните ресурси и намалување на влијанието на климатските промени во земјоделството. Тоа го постигнеме преку воведување токму на агро-еколошки мерки и спроведување на добра земјоделска и хигиенска пракса. Планираме спроведување на три нови агро-еколошки мерки финансирани преку ИПАРД Програмата, и тоа заштита на биодиверзитетот на автохтони раси, заштита на автохтони сорти и органско производство, како и зајакната поддршка во шумарството и зголемено пошумување преку годишните програми“, изјави министерот Николовски. Воедно, министерот Николовски и постојаниот претставник на UNDP, г-ѓа Винтон, разговараа и за нови идни проекти за едукација на земјоделците и развој на земјоделството, со поддршка од UNDP. |