- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Исплатени 324 милиони денари за субвенции за лозовни насадиDate of publication: 2 February 2018Денеска се исплатија 324 милиони денари за субвенции за одржување на лозови насади. Налозите кои што денеска Платежната агенција ги изработи беа доставени до Министерството за финансии, по што следуваше исплатата на субвенциите.Оваа сума лозарите ја добиваат во пресерет на закројувањата на лозјата, на почеток на новата производствена сезона, кога им се најпотребни финансиски средства. Од Платежната агенција информираат, дека со носењето на Програмите за земјоделство и рурален развој за 2018 година и вчитување на новиот буџет, продолжува континуираната исплата на субвенциите за останатите мерки од Програмите за земјоделство и рурален развој за 2017 година, кои се исплаќаат во две буџетски години. Интенцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Платената агенција, е исплатата на субвенциите за мерките од Програмата за 2017 година, да заврши во рамки на законскиот рок, односно 30-ти јуни 2018 година. |