- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Албански и американски бизнисмени заинтересирани за соработка и инвестиции во македонското земјоделствоДата на објава: 18 Јануари 2018Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику, денеска имаше работен состанок со бизнисмени, членки на комори, претставници на банкарскиот сектор и финансиски институции од Соединетите Американски држави и од Република Албанија. На состанокот присуствуваа и македонски фирми од областа на консултантски услуги, како и претстваници од банкарскиот сектор. Од македонска страна, на состанокот беше презентирана моменталната состојба во македонското земјоделство, расположливите земјоделски површини,состојба со откупни центри и можност за купување на истите, број на добиток, проиозводство, стартешки гранки, начинот на финансиска поддршка во земјоделството, политиките на Владата за развој на овој сектор, како и можностите за инвестирање во областа на земјоделството во Република Македонија.
Државниот секретар Челику, посочи дека денешниот состанок е значаен бидејќи претставува потенцијална можност за долгорочна и соработка во спроведување на идните успешни проекти кои се од взаемен интерес. „Земјоделско-прехрамбениот сектор претставува значајна стопанска гранка од економијата на Република Македонија. Република Македонија е докажан производител на земјоделски производи со препознатлив вкус и врвен квалитет, како резултат на извонредните климатски и почвени услови што им дава единствена карактеристика и препознатливост, не само на традиционалните пазари во регионот, туку и на светските пазари со голема потрошувачка моќ. Еден од приоритетите на кој ќе биде посветена Владата во идниот период е создавање поволна клима за привлекување странски инвеститори, притоа обезбедувајќи техничка помош и административни олеснувања за реализација на инвестицијата“, изјави Челику.
Преставниците од САД и од Алабанија, беа заинтересирани за различни земјоделски гранки. Дел од нив, поставија прашања околу системот за справување со нуспроизводите од животинско потекло, за што добија одговор од претставниците од Агенцијата за храна и ветеринарство од Македонија. Исто така дел од претставниците од САД и од Албанија, беа заинтересирани за соработка со македонски производители на одредени земјоделски култури, можности за инветсирање во земјава, дополнителни информации за производство на вино и месо, маслиново масло, како и за сотојбата со македонската ГЕМ банка за достапните сорти на македонски семиња.
|