- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
МЗШВ ги плати долговите за членарини за претходни години во меѓународните организации ФАО, ЕППО и ОИВDate of publication: 25 December 2017Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство плати 137 илјади евра по основ на заостанати долгови за претходни години за неплатени членарини во меѓународни организации. Станува збор за долгови за членарини во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино (ОИВ), Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО). За членарини за заостанати години за ФАО, МЗШВ минатата недела плати близу 50 илјади евра. Членството во оваа организација е од исклучителна важност за Македонија, бидејќи токму преку ФАО се спроведуваат клучни проекти за македонското земјоделство, како што проектот за консолидицација на земјоделското земјиште, за реонизација на земјиштето според почвените карактериските, како и поддршка за полесен пристап до меѓународниот финансиски инструмент, Зелен климатски фонд. За долгови за членарини во Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО) за 2013 година, МЗШВ плати 24.460 евра, а ја плати и членарината за оваа година, во износ од 24.960 евра . Членството во оваа организација е важно заради размена на искуства во делот на заштитата на растенијата, усогласување на законските регулативи и употребата на заштитните средства. Вкупно 18.900 евра МЗШВ плати за заостанати членарни за 2015 година во Меѓународната организација за вино (ОИВ), и исто толку за членарана за оваа 2017 година. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, почна со расчистување на заостанатите долгови по за членарини во меѓународни институции, уште во јули годинава. Тогаш, беа платени дел од долговите кон овие меѓународни институции. Податоците покажуваат дека претходната власт на пример за ФАО до 2012 година не плаќала ништо. Потоа следните години се плаќале минимални износи, а реалните долгови само се акумулирале. Од централата на ФАО во мај годинава пратија допис до македонското Министерство за надворешни работи со предупредување дека Македонија поради неплатената членарина ќе го изгуби правото на глас. По налог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на почетокот на месец јули се платија околу 31 илјади евра, со цел да може Македонија да го задржи правото на глас во ФАО. Цели пет години не се плаќала членарината во ЕППО, а три години не била платена членарината во ОИВ. Во наредниот период МЗШВ, навреме ќе ги плаќа членарините во овие меѓународни институции кои се клучни за помош на развојот на македонското земјоделско производство, за креирање и регулирање на мерки за меѓународна трговија на земјоделски производи, но и од кои добиваме техничка, стручна и финансиска помош. |