- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
МЗШВ ја објави листата со Јавно достапни информацииДата на објава: 6 Декември 2017Согласно заклучокот на 34-тата седница на Владата на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја комплетираше листата со информации од јавен карактер со кои располага институцијата и истата ја објави на својата веб-страница (www.mzsv.gov.mk). Речиси сите материјали се сместени во „Јавно достапни информации“ (http://www.mzsv.gov.mk/docs/ ), каде што може да се најдат: Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020“, Националниот План за органско производство 2013-2020, Буџетот на МЗШВ и Усвоени извештаи за реализација на Буџетот, Ревизорски извештаи, Планови за Јавни набавки, Правилник за систематизација на работните места, Консолидирани текстови на закони и подзаконски акти, Правилници, Обрасци, Барања, Тарифници, Листи со лица задолжени за информации од јавен карактер, Регистри... Најголемиот дел од податоците важни за јавноста и претходно беа достапни преку сајтот на МЗШВ, а новина е Правилникот за заштитено внатрешно пријавување, Списокот со лица вработени во институцијата, како и Правилникот и Органограмот за внатрешна организација. Во продолжение е листата со 21 документ, кои министерствата, согласно закон, се обврзани да ги објават на своите веб-страници, како и линкот кој води до секој од наведените документи, за полесен пристап на јавноста.
Листа на документи коишто МЗШВ ги објави на својата веб страница согласно заклучокот на 34-седница на Владата
1. Стратешки план на министерствата и другите органи на државната управа - Врска 2. Буџет - Врска
3. Усвоени извештаи за реализација на Буџетот - Врска
4. Ревизорски извештаи - Врска
5. План за јавни набавки, со сите измени и дополнувања - Врска
6. Правилник за внатрешна организација - Врска
7. Органограм за внатрешна организација - Врска
8. Правилник за систематизација на работните места - Врска
9. Список на лица вработени во институцијата со позиција и службен телефон - Врска
10. Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност на секое министерство - Врска
11. Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерствата за остварување на нивните права, а особено обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, за оние министерства коишто ги издаваат - Врска
12. Тарифници за надоместоци за издавање на реални акти - Врска
13. Листа на информации од јавен карактер - Врска
14. Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер - Врска
15. Правилник за заштитено внатрешно пријавување - Врска 16. Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување - Врска
17. Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен е-маил и службен телефон - Врска
18. Контакт телефон и е-маил од министерството за генерални прашања - Врска
19. Листа на активни регистри што ги водат министерствата, во зависност од надлежноста - Врска
20. Биографии од Министерот - Врска, Заменик министерот - Врска и Државниот секретар - Врска
21. Најава на месечни настани или онлајн календар - Врска |