Николовски: Со Предлог Буџетот за 2018 година обезбедуваме навремена исплата на субвенциите и реализација на клучните проекти

Date of publication: 
2 December 2017
sl2.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа прес-конференција за Предлог Буџетот за 2018 година, за секторот земјоделство. На прес- конференцијата беше презентиран вкупниот буџет за секторот земјоделство, кој што подразбира неколку институции кои имаат посебни буџети, но сите имаат важен придонес во развојот на земјоделството. Конкретно, тоа се Минитерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Платежната Агенција, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управата за хидрометеоролошки работи. Вкупните основни предлог буџети на сите седум институции за следната година се во износ од над 10,1 милијарди денари. Министерот Николовски посочи дека Предлог буџетите на овие институции  се планирани така да можат да обезбедат сервисирање на тековните потреби  на секторот земјоделство, пред се на земјоделците и агробизнисмените, а по принципот на домаќинско и рационално трошење.

„Сумата за секоја ставка е планирана според потребите онолку колку што покажаа анализите, дека реално се потребни пари за одреден земјоделски сектор. Унапредувањето на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини и производство, е еден од клучните приоритети на Владата. Затоа при креирањето на Предлог Буџетот за 2018 година за секторот земјоделство, посветивме големо внимание на мерките преку ќе ја постигнеме оваа наша цел“, изјави министерот Николовски .

Основниот буџет на Министерството за земјоделство, шумасртво и водостопанство, следната година ќе изнесува околу 643 милиони денари. При креирањето се посвети особено внимание на финасирање на клучните проекти преку ставката капиталните расходи особено во делот на системите за наводнување, непречено сервисирање на тековните обврски за исплата на плати,  камати, кредити и членарини во меѓународни институции, финансирање на клучни Програми преку ставката субвенции и трансфери, и кратење на непродуктивните трошоци.

Најголем е Предлог буџетот за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, или 8,6 милијарди денари. Од оваа сума 8,4 милијарди денари се предвидени за Директна финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој.

„Со планираната директна финансиска поддршка од 6,6 милијарди денари, ќе го унапредиме и зголемиме земјоделското производство и ќе овозможиме  навремена и неселективна исплата на субвенциите, тогаш кога на земјоделците им се најпотребни. Преку Програмата за рурален развој, ќе инвестираме над 1,8 милијарди денари во создавање на производи со висока додадена вредност, модернизирање на агро-секторот и развој на руралните средини“, изјави министерот Николовски.

Во споредба со ребалансот на Буџетот за оваа година, за следната 2018 година е обезбеден  четири пати поголем  буџет за Програмата за проширена репрудукција нашумите. Поточно 21 милиони денари  се наменети за зголемување и заштита на  шумскиот фонд.  За 50 отсто е зголемена сумата за Заштита на растенија, семе и саден материјал, со што ќе се зголеми фитосанитарниот мониторинг. На тој начин  се обезбедува поголема сигурност на примарните земјоделски производи во однос на присуство на штетни организми, што е важно за поголем извоз на европските пазари и обезбедување на висок квалитет и безбедност на примарните земјоделски проиозводи .

За 60 проценти е зголемена сумата во предлог Буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство за Програмите за Ветеринарно-здравствена заштита и за  Безбедност на храна.Овие програми се од исклучително значење за здравјето на животните, како и за здравјето на луѓето преку обезбедување и гарантирање на квалитетни и безбедни производи за храна.

„Од друга страна, водејќи се од главните начела на Владата, за половина милион евра ги намаливме непродуктивните трошења, како што се расходите за патни и дневни трошоци, затоа што нашата цел е јасна, парите ги враќаме кај граѓаните.Со Предлог буџетот за секторот земјоделство ќе обезбедиме целосна, навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделството,  поголемо производство на домашни квалитетни и безбедни  земјоделско-прехрамбени производи,  ќе го вратиме доистоинството на македонскиот земјоделец, затоа што само така ќе го направиме македонскиот аграр модерен, конкурентен и по европски стандарди“, посочи министерот Николовски.

Денешната прес-конефренција е трета по ред од серијата прес-конференции посветени на образложување на Прелог Буџетот за 2018 година.